21. Употребете потпорни елементи во облик на пирамида под леите кога се во фаза на растење како би добиле побогат изглед додека сосема не се оформат.
22.Свртете го вниманието од неинтересните ѕидови на тој начин што ќе поставите жардинери и саксии со цвеќе. Посадете цвеќе кое е со силни бои, а за премините кои се засенети употребете бели или сиво-виолетови цветови.
23. Аромотерапијата не е само наменета за во бања. Мирисната градина има релаксирачко влијание на организмот. Рузмаринот и лавандата се познати по своите релаксирачки својства, а повеќето цветни растенија ќе мирисаат преку целото лето.
24. Одржувајте ги висечките саксии свежи така што на дното ќе поставите стари подлошки или парче од PVC вреќа. Со ова ќе се спречи истекување на водата. Залевајте ги секој ден, а ако се изложени на сонце и по два пати дневно.
25. Тревите моментално се во тренд. Во градината внесуваат боја, текстура и елеганција кога се повиваат на ветрот.
26. Намамете ги птиците и другите животни со поставување на хранилки и садови со вода.
27. Чувајте ги перниците за столици во пластични кутии кои ќе ги штитат од влага кога нема да ги користите.
28. Доколку немате време за одржување на растенијата кои бараат поголема нега, посадете отпорни џбунови кои ќе внесат боја во градината, а нема да бараат многу нега.
29. Купете некои игри, или пиштоли на вода за најмладите.
30. Употребете рефлектори за да го свртите вниманието на некои фокусни точки во градината. Насочете ги на дрвото во дното на стеблото, или поставете ги позади некои впечатливи растенија како би ја истакнале нивната силуета.
..претходна     следна..