
Тоа е растение кое има темнозелени или прошарани листови, кои се разделени на 7-9 делови и се наоѓаат на долги стебла.
Вариететот со прошарани листови треба да биде на светло место, без директно пладневно сонце, додека зелената ќе успее и на потемно место, но ќе расте малку побавно.
Во лето треба да се залева 2-3 пати седмично, додека во зима приближно на секои 5-6 дена.
Во пролет и во лето, на секои 2 седмици, во водата за залевање додајте течно ѓубриво за лиснати растенија.
За да се добие убав грмушкест изглед, потребно е во рана пролет да се подреже за да протераат што повеќе ластари. Пожелно е да се стави стап за кој ќе ја заврзете, со цел да има потпора и да расте право, особено доколку светлото доаѓа некаде од страна, бидејќи ќе се свитка барајќи извор на светлина.
Се размножува со помош на резници кои е потребно да се држат во вода за да потераат коренчиња и потоа да се пресадат во земја.
Не мора често да се пресадува, односно доволно е тоа да се направи секоја втора година, а ако ја држите во голема саксија доволно е да се тргне горниот слој на земјата и да се додадe свеж.