11. Направете минијатурно езерце како би го оживеале неинтересното ќоше во градината. Ова место ќе привлече животинчиња, а
овозможува и садење на интересни водени растенија.
12. Леите губат на интензитет како проаѓа летото. Планирајте однапред и посадете некои растенија што доцна цветаат покрај
вообичаените, или посадете во саксија цвеќе кое ќе го изнесете надвор кога градината ќе почне да заостанува со вегетација.
13. Во дното на градината поставете гарнитура за седење или чадор за сонце.Нека бидат во склад со бојата на зеленилото.
14. Дополнителните места за седење секогаш се добредојдени, особено кога имаме повеќе гости. Клупите со простор за складирање под капакот се одлично решение, како и сандаци на кои може да поставиме перничиња.
15. Со спреј обојте ги дрвените елементи или обојте ги во зелено додека да ги прекријат ползавците.
16.Допуштете им на децата да си изберат маса и столици. На тој начин шарените елементи ќе им го направат престојот на отворено многу попривлечен.
17. Направете го обичното платото на градината поинтересно со тоа што ќе поставите шарен мебел. Масата со силни, весели бои ќе внесе позитивна атмосфера, особено ако ставите и шарени перничиња на столиците.
18. Ѕвончињата носат среќа, велат експертите за Фенг шуи. Во секој случај ќе ги замаскираат звуците на автомобилите и ќе направат атмосфера.
19. Украсете ги теглите и леите со фигурички на инсекти и цвеќе на жици или стапчиња.
20. Приватноста е многу важна, особено ако на вашата градина имаат поглед соседите од повисоките катови. Сепак, високите дрва, освен погледите, ќе го засенат и сонцето, па затоа се препорачува и поставување на настрешница преку која ќе израснат ружи, лоза или клематис.
..претходна     следна..