| Уредување на мали простори:
Уметнички дела во мали простори
Париски стан од 25 квадрати
Мал стан од 18 квадрати во Ротердам
Француска гарсониера од 32 квадрати
5 соби во 30 квадрати
Визуелно зголемување на висината на просторот
Полукружна маса за заштеда на простор
Галерија на мали кујни
Како малата кујна да биде поголема
Гарсониера во Букурешт
Мал стан во близина на Москва
Пруги за мали простори
Мал стан во Тајван
Мал стан во Лондон
Создадете мала трпезарија
Микро-апартман во Харков
Галерија на убави мали балкони
Уредување на мал балкон
Елегантен стан во Бразил
Гарсониера во Украина
Мал стан на Менхетен
Стан од 29 метри квадратни
Максимално искористени 8 квадрати
Мебел за мали ходници од Sudbrock
Мал стан во Киев
Трпезариска маса под шанкот
Мал стан во Чешка
Гарсониера во Белград
Мал стан од 29 квадрати
Стан во Романија
Мал стан во Бразил
Мали трпезарии
Преградување на гарсониера
Мал стан во Њујорк
Елеганција и удобност во компактен стан
Мал стан во Сао Паоло
Тренди: мебел кој штеди простор
Уредување на мала бања
Мал стан во Сиднеј
Уредување на тесни простори
Мал стан во Шведска
Мал двор, голема оаза
Минијатурни кујни
Трикови за уредување на мала бања
Максимално искористување на тесната кујна
Десет идеи за заштеда на простор
Како максимално да се искористи просторот
Мал двор, голема оаза
|
| |
| Десет идеи за заштеда на простор
Уредувањето на помали простори секогаш претставува предизвик бидејќи во помала квадратура треба да се сместат сите потребни парчиња мебел.
Поголем број парчиња мебел и предмети на помал простор може лесно да ја загуши вкупната атмосфера, создавајќи впечаток на неуреден, хаотичен простор. Еве неколку идеи како да се заштеди драгоцен простор, а при тоа да не се загуби потребната функционалност.
Повеќенаменски гарнитури за седење
Гарнитурите за седење на извлекување претставуваат идеално решение за оние на кои им недостасува (уште една) спална соба или гостинска соба. Покрај класичната гарнитура за седење, која на еден клик се трансформира во удобен кревет, денес постои и опцијата гарнитура за седење која се развлекува во кревет на кат. Ова решение е особено погодно за детските соби – во текот на денот на овој начин се создава поголем простор за играње. Алтернативно решение е и креветот кој со механизам се подига на ѕидот и е скриен во дрвена маска која наликува на ормар.
Фотељи на преклопување
Се изработуваат од текстил, често во облик на коцка, а кога ќе се растегнат претставуваат добра алтернатива на креветот. Идеални се за дневни соби, работни и детски соби.
Кревет со фиоки
Иако постојат мислења дека со поставување на душекот на подот, без дрвена или метална конструкција, се заштедува на простор, сепак ваквата заштеда е минорна. За да се избегне поставување на плакар за постелнината или дополнителни ормари, креветот чија долна конструкција има фиоки (најефективно кога се по целата површина на креветот) претставува многу подобро решение од повеќе причини: се намалува бројот на парчиња мебел, просторот визуелно станува поголем и попрозрачен, а исто така се спречува собирање на прашина под креветот. Алтернативно, ако креветот е доволно висок, а нема вградени фиоки, под него може да се постават кутии (дрвени, плетени..во зависност од стилот на уредување) кои би ги поставиле една до друга. Пожелно е тие да се идентични.
Повеќенаменски табуретки
Освен својата примарна функција, табуретките можат да бидат извонреден дополнителен простор за чување на предмети. Денес постои голем број на табуретки чија горна конструкција се отвора како капак, а неговата внатрешност е голема кутија. Некои табуретки се така дизајнирани за да од надворешната страна имаат вграден дел за чување на весници и списанија (дополнителни џепови од платно или вградени метални или дрвени продолжетоци).
Масички како мали плакари
Уште едно извонредно место за чување на предмети се клуб-масичките. Некои имаат полици, а некои изгледаат како вистински плакари чиј капак е горната површина на масата и со себе внесуваат рустикален амбиент во домот.
Столици на расклопување
За помали простори идеално решение се столиците на расклопување кои кога не се употребуваат оставаат слободен простор.
Повеќенаменски маски за радијатор
Освен својата примарна функција, маската за радијаторот може да користи како клупа на која ќе бидат поставени удобни перничиња или на пр. полици за книги. Вакво решение особено е практично во ходникот, но и во другите простории.
Помали апрати за домаќинство
Понекогаш предимензионираните апарати за домаќинство можат да завземат преголем дел од просторот (на пр. големиот тостер ќе “украде” голем дел од работната површина во кујната). Затоа во помалите простори треба да се поставуваат помали, полесни апарати. Во дневната соба доколку телевизорот се закачи на ѕид, исто така се ослободува дополнителен слободен простор.
Мебел скриен во мебел
Поради својата функционалност, но и од естетски причини сè повеќе се бара повеќефунционален мебел. Добар пример за ова е клуб-маса која од секоја страна содржи по една табуретка кои по потреба се вадат, како и три или четири масички кои се поставуваат една под друга.
Огледала кои го затскриваат плакарот
Позади огледалата може да се затскриваат плакари, со што покрај заштедата на простор се добива и негово визуелно зголемување. Вакви огледала најчесто се сретнуваат во бањи, но добро одговараат и во спални соби и ходници.
|
|