Еве неколку совети како тоа да се постигне:
Ѕидови без висечки елементиКај тесните кујни пожелно е да нема висечки елементи на ѕидовите, бидејќи тоа допринесува да бидат пренатрупани. Наместо нив, поставете стаклени полици или полици во бојата на ѕидот.
Мазна површина на кујнските елементи
Во тесните простори, вратите од кујнските елементи без детали ќе го поедноставуваат просторот и го направат поширок. Доколку, покрај тоа, изберете и врати која рефлектираат светлина, тесната кујна ќе изгледа многу поширока.
Едноставни подови
Ускладувањето на подните плочки со бојата на вратите на кујнските елементи, односно поставувањето на плочките по должина на кујната, визуелно ќе го
рашири просторот.
Сокријте ги кујнските уреди
Вградбените уреди се идеални кога е во прашање мала кујна. Тие се нешто поскапи, но ефектот кој со нив се добива е огромен.
Доколку сте решени да не купите вградбени уреди, изберете уреди кои имаат иста површина, а не’рѓосувачкиот челик е идеален за оваа намена.
Пронајдете централно место
Нека тоа биде некој репрезентативен уред како што е големиот шпорет.
Светли работни површини
Тесните кујни ќе изгледаат многу поубаво со светли работни површини.
Размислете и за поставување на стаклени работни површини кои ја рефлектираат светлината.