Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

 

Сите елементи во кујната се работени по некои стандардни мерки, поради широчината на шпоретот, должината на машината за перење садови и сл, бидејќи важно е мебелот да биде во склад со вградените апарати (да не е потесен, поширок, подолг од потребното и сл).

Еве неколку мерки на кои треба да обрнете внимание при планирање и опремување на новата кујна.








А) долни елементи (со или без вградени електрични апарати)

• длабочина : 60 cm

• висина : 80-85 cm со работната плоча

• ширина : 15, 25, 30, 40, 45, 60, 80, 90, 120 cm

 

Б) горни висечки елементи

• длабочина : 35 cm

• висина : 60-98 cm со работната плоча

• ширина : 15, 25, 30, 04, 45, 60, 80, 90, 120 cm

 

В) високи ормари (со или без вградени апарати)

• длабочина : 35 или 60cm

• висина : 200-240 cm

• ширина : 30, 45, 60, 90 cm

 

Сите елементи со работни површини треба да бидат вовлечени за најмалку 76 mm (простор на стопалата). За повеќето домаќинки најприкладна висина на елементите со работна површина е 810 mm ( длабочина 610 mm).

Задниот раб на елементите треба да биде ограден со пластична летва која ќе спречи прелевање на течности и трошки преку работ. Најпрактичен простор за остава е над работните површини, каде може да се стават полици со длабочина 100 mm.

Ѕидните елементи (ормарчиња) можат да започнат на 410 mm над работната површина и не би требало да бидат подлабоки од 350 mm, што е приближно половина од работната површина. Највисоката полица во ѕидното ормарче не треба да се наоѓа на височина преку 1,70 m, а врвот на ормарчето да не биде преку 1,90 m од подот.