| Уредување на мали простори:
Уметнички дела во мали простори
Париски стан од 25 квадрати
Мал стан од 18 квадрати во Ротердам
Француска гарсониера од 32 квадрати
5 соби во 30 квадрати
Визуелно зголемување на висината на просторот
Полукружна маса за заштеда на простор
Галерија на мали кујни
Како малата кујна да биде поголема
Гарсониера во Букурешт
Мал стан во близина на Москва
Пруги за мали простори
Мал стан во Тајван
Мал стан во Лондон
Создадете мала трпезарија
Микро-апартман во Харков
Галерија на убави мали балкони
Уредување на мал балкон
Елегантен стан во Бразил
Гарсониера во Украина
Мал стан на Менхетен
Стан од 29 метри квадратни
Максимално искористени 8 квадрати
Мебел за мали ходници од Sudbrock
Мал стан во Киев
Трпезариска маса под шанкот
Мал стан во Чешка
Гарсониера во Белград
Мал стан од 29 квадрати
Стан во Романија
Мал стан во Бразил
Мали трпезарии
Преградување на гарсониера
Мал стан во Њујорк
Елеганција и удобност во компактен стан
Мал стан во Сао Паоло
Тренди: мебел кој штеди простор
Уредување на мала бања
Мал стан во Сиднеј
Уредување на тесни простори
Мал стан во Шведска
Мал двор, голема оаза
Минијатурни кујни
Трикови за уредување на мала бања
Максимално искористување на тесната кујна
Десет идеи за заштеда на простор
Како максимално да се искористи просторот
Мал двор, голема оаза
|
| |
| Како максимално да се искористи просторот
Потребата за уредување на стан со површина 40-50 м² за четворочлено семејство е сè почеста. Со правилна организација на основните функционални групи можно е да се задоволат потребите на овие семејства, но притоа важно е вкупниот естетски впечаток да биде што подобар.
Сл1. Првобитна состојба на станот
И членовите на семејството и пријателите многу подобро ќе се чувствуваат во просторот кој и покрај малата површина, сепак е пријатен за престој. За да се постигне ова меѓу најзначајните предуслови спаѓаат соодветен распоред на мебелот, соодветни бои, осветлување, како и присуство на зеленило во просторот.
Во дадениот случај, просторот во кујната е доволен за да се овозможи потребната фунционалност, а дополнителна комоција ќе се постигне со поставување на шанк со кој ќе се зголеми работниот простор. За да просторот ја задржи поврзаноста на кујната со дневната соба, освен шанкот се поставува и трпезариска маса веднаш до кујната. На тој начин врската со кујната преку пултот ќе биде оптимална, а ќе се создаде и дополнителен простор во дневната за сместување на мебелот.
Сл.2 Нова состојба на станот
Во дневната соба се поставува тросед на извлекување и двосед, а трпезариската и клуб масата се од стакло, со што ќе се зголеми транспарентноста во просторот.
Покрај вратата која води во детската соба сместени се два плакари, над кои се сместени хоризонтални елементи, со што просторот максимално се искористува. Хоризонталните полици изведени се во бела боја за да се добие впечаток на “лебдење“ на просторот. Елементите на спротивната страна се изведени во две различни висини, односно со измена на полни и стаклени зони за да визуелно се намали бројот на елементи во просторот, што кај помали простори е особено важно. Во детската соба сместени се кревети на кат, плакари и две работни маси над кои природното светло доаѓа од лева страна.
|
|