Услов кој треба да биде исполнет пред да се прејде на купување и вградување на систем за греење на природен гас е постоење на локална или градска мрежа на која би се приклучиле.
Природниот гас како погонско гориво во систем за греење е поволно благодарејќи на неговата голема енергетска искористливост и еколошка прифатливост. Денес кај техничките решенија се забележан голем напредок и тие како такви извонредно ја искористуваат енергетската вредност на природниот гас.
Природниот гас е прилично еколошки прифатлив бидејќи содржи мали количества на соединенија на сулфур и бидејќи при неговото согорување се ослободува мало количество на јаглерод диоксид.
Покрај тоа природниот гас е исклучително прифатлив и кога станува збор за векот на траење и одржување на целиот систем на греење.