Греење и климатизација
Централно греење (ѕидно и подно греење)
Ѕид од кој доаѓа топлина
Ѕидното греење е незабележително и пред сè пријатно. Тоа го знаеле и старите Римјани кај кои тоа било тренд уште пред 2000 години. Во последните 10 години "топлината од ѕидовите" доживува вистинска ренесанса.
Радијаторите кои на многу луѓе им бодат очи, кај ѕидното греење едноставно ги нема. Топлината се добива на вообичаен начин преку топлински котел или пумпа, но водата од централното греење на површината на ѕидот има едвај 85ºC, што е доволно за константно изедначена температура во просториите.
Некои системи (на пр. во бањите) можат да се изведат како комплетно решение со комбинација на подно и ѕидно греење. Овој вид греење овозможува "меко" одвојување на топлината при што хоризонталното одвојување на топлината преку големите ѕидни површини повеќето луѓе го сметаат пред се за пријатно искуство. Во споредба со радијаторите, конвекцијата е многу помала па поради тоа има и помалку прашина, што е посебно важно за луѓето кои се алергични на домашна прашина.
Температурата во просториите може да ја спуштиме за 1-4°C ако се користи ѕидно греење наместо систем со радијатори. Ова е поради тоа што човекот температурата на воздухот од 18 дo 19°C ја осеќа за пријатна исто толку како во случај кога се користат радијатори кои произведуваат температура од 20 дo 22°C, а падот на температурата од 2 до 3°C ги намалува трошоците за грееење 10 до 15 %. Постојат мислења дека ѕидното греење може да заштеди и до 30% од трошоците за греење.
Подно греење – конфор под нозете
Багодарејќи на овремените радијатори температурата во просториите можеме брзо да ја регулираме. Површинското греење пак нуди константна температурата и многу пријатна температура во просториите и според тоа потрошувачката на енергенсите е минимална.
Тие што ќе се одлучат при реновирање или изградба на новиот дом за "комбинирано решение", т.е. за комбинација од повеќе технички решенија кога е во прашање греењето на сопствениот дом, ќе направат вистински чекор кој во иднина ќе им донесе заштеда на пари. Подното греење е особено погодно за искористување на енергијата.
Тоа значи дека ќе се постигне пријатна клима во станбениот простор: подот благодарејќи на греењето ќе биде топол, а воздухот кој е поблиску до таванот постуден. Тоа значи дека:"Нозете секогаш ќе бидат на топло, а главата секогаш ќе биде трезвена". Топлиот воздух кој константно струи нагоре го засилува чуството на пријатност.
При овој вид греење температурата на воздухот може да ја намалиме за степен до два, бидејќи подот и ѕидовите се во просек потопли благодарејки на подното греење. Намалувањето на температурата за еден степен целзиусов значи и заштеда за 6% од вкупно потрошената енергија, а со тоа и заштеда на пари. Веќе одамна подното греење не се смета за луксузна опрема.
По правило подното греење финансиски гледано не е поскапо од конвенционалното греење. Полиетиленските цевки и инсталации на подното греење отпорни се на корозија, високи температури и притисоци, а претставуваат и еколошки прифатливо решение. Покрај ова, подното греење рамномерно и оптимално ја загрева подната површина.