Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Греење и климатизација

Греење на тврдо гориво

Греење на дрво – истовремено и архаично и современо решение

Греењето на дрво претставува најстар облик на греење. Со оглед на количеството на чад кое се ослободува, многумина не веруваат во фактот дека греењето на дрвo претставува еден од еколошки најприфатливите начини на греење. Имено дрвото при согорувањето во атмосферата ослободува само онолку CO2 колку што стеблото примило за време на растењето од атмосферата.

Дрвото како извор на енергија се користи во вид на цепаници или посебни дрвни смеси кои се произведуваат од ситни парчиња дрво и иверка кои понатаму се пресуваат. На пазарот овие смеси се достапни во различни големини.

Благодарејќи на современите технички решенија постигнат е многу висок степен на согорување на оваа дрвена маса во печките, проследено со ослободување на минимални количества на штетни соединенија.

Употребата на смеса за ложење претставува поедноставно решение во однос на употребата на класичните цепаници. Овој материјал за ложење претставува поповолно решение отоколку нафтата за домаќинства, но истотака постојат и поголеми трошоци за набавка како на пр. вградување на камин.

Квалитетот на греењето директно зависи од карактеристиките на дрвото кое се употребува како гориво. На пр. сувото дрво брзо согорува, влажното дрво слабо гори и создава многу чад, а мокрото дрво воопшто не гори и ја оштетува печката и оџакот. Истотака во принцип важи следното правило: обработеното дрво - во било кој облик – не треба да се употребува како огревен материјал. Со согорување на овој вид на дрво се создаваат отрови кои се штетни за околината кои по излегувањето од оџакот се таложат во непосредната околина – во градината, на балонот или терасата.

Исто така печката не треба да претставува канта за отпадоци. Пластичните кеси и картонските кутии од јогурт или млеко не смее да се палат во печката. Ѓубрето во печката во тек на согорувањето по правило се претвора во отровни гасови.


Камин – "преодно" решение

Мраз во април или пролетни температури во ноември – тоа скоро секој од нас го доживеал. Инцидентното вклучувањето и ислучување на греењето е економски неисплатливо, а практично и рационално решение во овој случај е вградување на камин. Каминот шири пријатна температура во најкраток можен временски период. Денес постојат различни верзии и облици на камините кои ги исполнуваат повеќето барања и желби. Можат да бидат обложени со различни материјали и на тој начин извонредно да се вклопат во внатрешниот ентериер. Модерниот начин на живот побарува модерен начин на греење – сите овие барања се исполнуваат со вградување на камини.

Бидејќи има голем избор на најразлични видови на камини, пред да ја донесете конечната одлука треба добро да ги проучите неговите карактеристики. Изгледот на каминот е едно, а практичноста и начинот на поставување е друго. Најдобро е да се посоветувате со стручно лице за тоа кој модел да го изберете, која боја, на кој начин најдобро и најлесно да се постави за да ја изврши практичната и естетската функција.