Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Избор на расветни тела

Денес пазарот нуди голем избор на расветни тела, сијалици, флуоресцентни и халогени лампи, LED осветлување и други разновидни светилки, што овозможува да пронајдеме соодветно расветно тело во зависност од нашите потреби при планирање на осветлувањето.Пред купувањето размислете што барате од расветното тело и дали тоа ќе има декоративна намена.

Сијалиците со жичка (таканаречените “обични” сијалици) енергетски се убедливо најнесоодветен начин на осветлување. Само 5% од потрошената енергија ја претвораат во светлина, додека останатите 95% се претвора во топлина. Обичната сијалица има просечен животен век од околу 1000 работни часови. Денес на пазарот има и сијалици кои многу поефективно ја искористуваат енергијата.

Меѓутоа важно е да се знае намената на одредена сијалица, бидејќи квалитетот на светлината не зависи само од јачината, туку и од т.н. температура на светлината. Најдобра е онаа светлина која личи на сончевата светлина, за која нашиот вид е и прилагоден.

За некои примени меѓутоа, како на пр. за надворешното осветлување, температурата на светлото не е толку битна, па надворешното осветлување може да се изведе со постудено осветлување (на пример, со натриумските сијалици кои економски се наjисплатливи).

Од расветните тела кои ги заменуваат “обичните” сијалици најштедливи се флуоцевките, чија искористливост е околу 5 пати поголема од онаа на обичната сијалица, односно флуоцевка со моќност 50 W заменува сијалица со жичка од 250 W, а покрај големата заштеда на енергија дава и поквалитетно светло.

Цената на флуоцевката е повеќекратно поголема, но нејзината трајност е подолга околу 20 пати, па затоа и енергетски и финансиски е поисплатлива. Недостатокот на флуоцевката се состои во тоа што таа може да се поставува на посебни расветни тела.

Поради тоа се произведуваат штедливи сијалици кои работат на ист принцип, а може да се инсталираат на истите тела на кои работат и обичните сијалици.Штедливите сијалици (флуокомпактните сијалици) истотака трошат околу 5 пати помалку електрична енергија од класичните сијалици, но нивниот животен век е пократок од флуоцевките (до 15000 работни часови или 15 пати подолго од класичните сијалици).

Постојат и голем број на варијации на флуокомпактните сијалици, кои се разликуваат во цената. Најдобро и најисплатливо е ваква сијалица да се купи од проверен производител и покрај повисоката цена.

Халогените сијалици истотака се подобри од класичните, а прикладни се и за столни лампи и рефлектори.

Тие се 50% поефективни и имаат двојно подолг животен век од класичните сијалици. Халогенските сијалици произведуваат совршено светло, а површината на сијалицата и боите се во полн сјај. Истотака и светлото кај нив е со поголема белина отколку кај обичните сијалици. Значително помалите димензии кај халогените сијалици овозможуваат развој на сосема нови облици кај расветните тела.

Лед осветлувањето (англиски : light emitting diodes) е најнова технологија на осветлување, која не е подложна на ненадејно прегорување (диодите бавно деградираат со тек на времето) и се карактеризира со многу мала потрошувачка на ел.енергија (заштедата е околу 80%) и долг век на траење (до 100 000 часови - на пример, при секојневно непрекинато работење 12 часови во текот на денот, би траела околу 11 години и притоа би изгубила само 30% од својот првобитен квалитет).