
Макасарски абонос (анг. Macassar Ebony) е дрво кое расте во одредени делови на Индија, Шри Ланка и делови од Југоисточна Азија. Тоа расте до височина од 15-20 метри, со пречник на стеблото од 40 сантиметри.
Станува збор за исклучително издржливо и цврсто дрво, па тоа е една од причините за високата цена на паркетот од макасарски абонос, која изнесува околу 150 долари за метар квадратен. Фактот дека расте на само неколку делови од светот и дека расте многу бавно ја објаснува високата цена.
Притоа, има ограничен раст и расте во тешко достапни предели во џунглата. За негова обработка потребно е знаење за да се спроведе строго определена постапка.

Секој трупец кој се доставува во далечна земја се заштитува со врел восок, кој го штити од временски и механички влијанија. Макасаровиот абонос има многу малку влага, па затоа трупецот може да заштитен да стои со години без оштетувања и квалитативни промени.
Секое дрво има свои шари, па затоа трупците од едно стебло не се мешаат со друго стебло.
За овој паркет најкарактеристични се пругите во кафена, златна и портокалова боја, кои создаваат уникатен визуелен ефект во ентериерот.