|
Избор на подна облога:
Вовед
Паркет
Плочки
Линолеум
Ламинат
Теписи
PVC подни облоги
Плута
Останати совети:
Полиран бетонски под
Соборени рабови на паркет
Избор на темен под
Предности и недостатоци на пливачки паркет
Замаслени дрвени подови
Обоени дрвени подови
Надворешни дрвени подни облоги
Подови од тиково дрво
Егзотични паркети
Парење на дрвото кај буков паркет
Егзотичен паркет макасарски абонос
Правец на поставување на дрвени подови
Дрвен под во кујната: да или не?
|
|  |
|
Предности и недостатоци на пливачки паркет
Терминот пливачки, кога зборуваме за начинот на поставување на паркетот, означува поставување при кое поединечните ламели од паркетот, без разлика дали станува збор за готов фабрички паркет или оној кој бара завршна обработка, не се поврзани целосно со подлогата, туку се поврзани меѓусебно, односно слободно лежат на подлогата. Значи, ламелите од паркетот меѓусебно се лепат една со друга, но не и со подлогата. Под нив има поставено соодветна изолација за заштита од бучава при чекорење.
Главни предности поради кои сопствениците се одлучуваат за овој начин на поставување се следните:
- нема поголеми барања во однос на подлогата бидејќи паркетот не се лепи за неа – потребна е само рамна површина и изолација за бучава;
- се заштедува на вкупното количество на потребно лепило;
- помалку лепило значи помалку штетно дејство, бидејќи повеќето лепила содржат испарувачки материи;
- полесно се вади и заменува со друг, па затоа е погоден за оние кои планираат замена на подот после одредено време.
Покрај предностите, тие имаат и недостатоци:
- поголема бучава при чекорење; звукот создава чувство како како да е паркетот шуплив;
- векот на траење на пливачкиот под најчесто е пократок од залепениот паркет – поради поголемите механичките оптоварувања кои треба да ги поднесе, фугите се изложени на оптоварување и може да попуштат, што доведува до пропуштање на вода.
|
|