Видови и особини на прозорците:

Вовед

Основни видови на прозорци

Основни функции на прозорецот

Споредба на материјалите на прозорците

Заштитни фолии за прозорци

Видови и особини на прозорците

2. Основни видови на прозорци

Во основа според материјалот од кој се направени прозорците може да ги поделиме во неколку основни групи:

а) дрвени прозорци

б) PVC прозорци

в) алуминиумски прозорци (од алуминиумски легури)

г) дрво-алуминиум прозорци

 

Инаку постојат и разни метални прозорци, прозорци од не'рѓосувачки челик, како и PVC/ALU прозорци итн.

Дрвени прозорци - дрвото е природен материјал кој има голема способност за впивање на влагата, а со самото тоа и е подложно на промена на димензиите, што секако за прозорецот не е добро.

Влагата дрвото силно го оштетува, па затоа дрвениот прозорецот мора добро да биде импрегниран, што го прави и поскап. Од друга страна, импрегнацијата на прозорецот не може да биде долготрајна што значи дека дрвениот прозорец треба често да се одржува.


PVC прозорци –
PVC-то е благодарен материјал, неосетлив на влага, но има свои димензиски ограничувања кога се во прашање статичките оптеретувања кои може да ги поднесе.

Поради тоа PVC прозорците со широки крила дополнително се појачуваат со метални појачувања кои имаат и антикорозиска заштита. Тие на прозорецот му ја даваат потребната маса и стабилност.

Алуминиумски прозорци – Во поглед на однесувањето на статички оптеретувања алуминиумот е многу попогоден од дрвото и PVC-то. Меѓутоа како метал добро ја спроведува топлината, што значи дека е лош изолатор. Постојат алуминиумски прозорци каде е прекинат топлинскиот мост (со полиамид), што ги подобрува неговите изолациски особини, но не до таа мера за да го постигне рангот на PVC прозорците. Алуминиумот е исклучително осетлив на присуство на соли во воздухот што предизвикува појава на солите на површината на алуминиумот.


Секако дека алуминиумот може да се заштити од солите со некој заштитен премаз, а вообичаено е со електростатско нанесување – т.н. прашкасто лакирање. Меѓутоа сеуште останува прашање колку квалитетно се обработени местата за спој на профилите – т.е. кај аглите.

Мислење на стручните лица е дека алуминиумската столарија, а посебно вратите, е незаменлива кај деловни и високо фрекфрентни простори каде механичките својства се поприоритетни од топлинските.

Анализирајќи ги основните видови на прозорци, заклучокот е дека најмногу предности се на страната на PVC прозорците – не бараат одржување, имаат добри топлинско изолациски својства, овозможуваат квалитетно заптивање, особено профилите со три гуми, долготрајни се и со прифатлива цена.

Дрво-алуминиум прозорци - овие прозорци преставуваат најсовремен систем на прозорци. Системот дрво-алуминиум обезбедува поголема трајност на прозорецот, а дополнет со соодветно стакло обезбедува и повеќекратно подобрување на термо-звучните карактеристики. Од надворешна страна составен е од алуминиумска маска која обезбедува сигурна и долготрајна заштита на дрвото од сите атмосферски влијанија, а од внатрешна страна зачуван е ефектот на топлина на дрвото кој го носи дрвото со себе како природен материјал. Кај овој вид прозорци овозможено е боење на алуминиумската маска по РАЛ карта, како и изведување на сите дополнителни опции како и кај обичните прозорци.

 

 

..претходна     следна..