
Честопати при ковање на клинец, и покрај тоа што внимаваме, се случува да настрадаат прстите со кои се придржува клинецот.
Еве начин како да се избегне ова:
Земете подебел картон и исечете помало правоаголно парче. Со ножици направете рез до центарот на парчето картон, каде што ќе го поставите клинецот. Парчето картон ќе ја одигра улогата на држач додека го ковате клинецот.
Откога ќе го заковате, извадете го картонот преку резот.
Доколку станува збор за помал клинец, може да послужи и чешелот како придржувач.

Претходните начини може да помогнат и кога станува збор за ковање на клинец во тешко достапни места.