Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Греење и климатизација

Греење на електрична енергија

Електрично греење – пример за еколошки и економски прифатлив вид на греење

Ограниченоста на нафтените и гасните извори во светот, зголемувањето на цената на енергенсите на светскиот пазар, како и нивното штетно влијание на природата наведуваат на размислување за употреба на други извори на енергија за загревање, меѓу кои спаѓа и електричната енергија. Во високоразвиените земји се повеќе се размислува за заштеда на енергијата и намалување на емисијата на CO2, SO2 и други штетни соединенија. Постојат податоци дека и до 50% од емисијата на штетни материи во атмосферата настануваат како резултат на загревањето на животниот и работниот простор.

Еден од начините на греење со електрична енергија е греење со грејни плочи (конвектори). Тие можат да се изработени од гранит, камен и мермер кои претставуваат грејни тела. Воздухот во контакт со изворот на топлина (конверторот) станува поредок и без вентилатор, со благо струење обезбедува пријатно распределување на топлината во просторијата. Конвекторите се одликуваат со висока способност за загревање на просторијата, допатлив изглед и неограничен век на траење. Греењето се остварува на тој начин што во компактната плоча (мермер,гранит..) се вградува електричен грејач. Овие плочи се монтираат брзо и едноставно на било кој ѕид во просторијата.

Грејната мермерна плоча се приклучува на извор на напојување од 220V, а преку термостатот може да се регулира саканата температура во секоја просторија посебно.

По вклучувањето, плочата се загрева на работна температура од 85ºC за 30-40 минути. Пренос на топлината од грејачот се врши со зрачење и конвекција. Овој начин на греење овозможува и загревање на цврстите тела во просторијата (ѕидовите, подовите, мебелот) кои на тој начин стануваат складишта на топлина.

Овој начин на греење ја елиминира разликата помеѓу температурата на таванот и подот, па ја сведува циркулацијата и сушењето на воздухот на минимум, а тоа е во интерес на здравјето (посебно за асматичарите, на сите кои имаат потешкотии со дишењето, како и на лица кои имаат склоност кон алергии).

Одржувајќи пријатна температура во просторот кој има просечна изолација, потрошувачката на електрична енергија изнесува приближно 400-500 Wh x m² / 24 h, што претставува заштеда на електрична енергија од приближно 25-50% во однос на останатите видови греење. Покрај ниската цена на вградување, ги нема трошоците за изработка на котли, оџаци, складирање на горивото, одржување и поправка.

Како опција е и системот за управување кој овозможува регулација на температурата во одредени простории во текот на денот во зависност од надворешната температура и според вашите барања, како и опција за далечинско управување (на пр. со мобилен телефон), можност за комуникација со компјутер (визуелизација, управување, документација). Овој систем посебно е погоден за поголеми простори како што се: мини хотели, станбени згради со повеќе станови, деловни простории или викенд куќи.

Грејните плочи не поседуваат делови кои предизвикуваат бучава и вибрации, штетни зрачења и штетни промени на околината. Правилната заштита е со повеќеслојна изолација на електричните водови така да не постои можност за струен удар или изгореници при допир. Поради ова можно е да се монтираат и во влажни простории (на пр. бањи).