почетна | контакт
за нас | маркетинг
 
Внесете го
бараниот поим:


Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


PVC подни облоги

PVC подните облоги во најголем дел се состојат од поливинил-хлорид (PVC).

Овие подови се идеални за влажни простории, па дури и вистинска поплава не може да им наштети. Тие претставуваат траен материјал, кој е многу лесен за одржување. Во поглед на надворешниот изглед, постојат голем број на дезени, па дури и такви кои имитираат керамика или дрво. Високо квалитетните PVC облоги поседуват и дополнителен слој со што стануваат уште попријатни, потопли за нозете, поеластични и со подобрени својства за звучна изолација.

PVC подовите имаат и слаби страни. Во случај на пожар можат да се ослободат силно отровни халогенооргански соединенија кои се добиваат при контакт со средствата за гасење пожар. Исто така PVC подовите содржат омекнувачи и естери на фосфорни киселини, како и силно алкалните аромати. Тие подолго време можат да се задржат, односно можат воздухот во просторијат значително да го оптоварат со штетни материи.

Поради напрегањата за време на употребата (триење, брусење) може да се формира микс на прашина.

Продорниот мирис кој може да се јави кај оваа подлога најповеќе потекнува од лепилото за лепење на облогата кој е на база на разредувач. Релативната густина на PVC облогата притоа создава дифузен отпор за испарување на разредувачот.

PVC подовите од еколошка гледна точка се неприфатливи и секако треба да се размислува за замена со некој производ, кој подобро би се вклопил во градежно-биолошките профили.

PVC подовите се одржуваат и чистат едноставно - треба да се бришат со влажна крпа, а повремено можат да се мијат и полираат. Средствата за чистење кои во себе содржат камен прав и минерални материи треба да се избегнуваат бидејќи можат да го оштетат PVC материјалот. Затоа најдобро да се мие со благи средства за чистење пред да се створат дамки.

Подот повремено може и да се заштити со користење на сјајна емулзија или со полимерна дисперзија на база на полиакрил или полистирол. PVC облогите на кои производителот веќе во тек на производството им нанесол сјаен слој на полиуретан треба само редовно да се чисти со правосмукалка и повремено да се брише со влажна крпа.

 









© 2006-2023 sezadomot.com.mk