Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


Вовед

На пазарот денес се нудат голем број на подни облоги кои, во согласност со трендовите, постојано се усовршуваат и добиваат нови функционалности. Големата понуда на подни облоги знае да биде и проблем при изборот на најдоброто решение, особено кога станува збор за уредување на повеќе простории.



Пред купување на подна облога, треба со сигурност да се утврдат димензиите на површината која треба да се обложи (пожелно е и изработка на скица).

Подната облога со изгледот и стилот треба да вклопуваат во севкупното уредување на домот.

При избор на бојата на подната облога треба да се знае фактот дека светлите површини рефлектираат голем дел од дневната светлост, за разлика од потемните кај кои треба да се употребат повеќе вештачки извори на светлина за да се добие саканото осветлување. Кај светлите површини повеќе се забележуваат разни дамки, додека кај потемните повеќе се забележува прашината и трошките.




Мазните подлоги се полесни за чистење, миење и воопшто за одржување, но можат и лизгави да бидат. Подните облоги со релјефна површина обично ја намалуваат можноста за лизнување, но кај нив потешко се отстрануваат нечистотиите, а и сапуницата.


Простории каде се поставува подната облога

Во табелата се прикажани просториите од домот, со нивен опис и можните решенија за поставување на соодветна подна облога.

Простор Опис Решение
Кујни • многу прометна просторија

• често се валка

• од безбедносни причини подот не смее да биде лизгав

• ПВЦ облога, керамички плочки, дрво, ламинат
Бањи • материјалот за подната облога мора да биде водоотпорен

• од безбедносни причини подот не смее да биде лизгав

• подот треба да може брзо и лесно да се чисти и мие
• ПВЦ облога, керамички плочки

• некои понови ламинатни и дрвени подови предвидени за оваа намена

Дневни соби • подната облога често е најистакнат дел од дневната соба, па затоа би требало да биде ускладена со мебелот и бојата на ѕидовите
• дрвен под

• теписи од разни материјали

Трпезарии • облогите би требало да бидат што поотпорни и едноставни за одржување
• дрво, ламинат или керамички плочки

• помалку чуствителни теписи
Спални
соби
• овие простории не се многу прометни, а поголем дел од подот е затскриен од креветот • дрво, ламинат

• теписи
Ходници и скали • многу прометни простории во кои се внесуваат нечистотии, камчиња, песок

• често се гледаат отпечатоци од стопала и разни дамки

• материјалот би требало да биде многу отпорен и лесен за одржување
• дрво, керамички плочки, ламинат

Многу важен е и мебелот на просторијата во која сакате да ја уредите (дали просторијата е прометна, дали по неа ќе трчаат и ќе се играат деца и/или домашни миленичиња).

Доколку некој од домашните страда од алергии, подобро е да се изберат мазни површини без теписи, теписони и слични простирки во кои се задржува прашина и нечистотии.


Во некои простории влагата е чест проблем. Пример за тоа се подрумските простории и некои простории на приземје кај кои поголемиот процент на влага доаѓа непосредно од земјата. Уште понеповолна околност е кога има слабо проветрување. Во овој случај треба да се избегнуваат дрвени материјали, како и теписи и други простирки под кои се задржува влагата. Доколку во домот имате подно греење, треба да се има предвид фактот дека не секоја подна облога е погодна при ваков тип на греење.

При купување на подната облога распрашајте се за карактеристиките на материјалот на подната облога, како и за просечниот век на траење.