Видови и особини на прозорците:

Вовед

Зошто да се изолираат просториите

Улога на изолацијата

Каде најчесто се одлива топлината

Останати места на кои се губи топлината

Основни видови на изолационен материјал

А сега на работа

Изолација на вратите и прозорците

Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом

3. Улога на изолацијата

Покрај основната улога на изолациските материјали – да се спречи преносот на топлината во надворешната околина, тие вршат и други важни функции. Тие претставуваат изолација од бучава и се физичка бариера на ширењето на неповолните атмосферски влијанија (влага, ветер или горештина во летните месеци).

Не постои дом каде што не е возможно да се подобри изолацијата. Најчесто таа работа може да ја направите сами (освен доколку куќата не ви е малтерисана) и со тоа да заштедите значителни финансиски средства. Количеството на енергија која ќе ја заштедите зависи од повеќе фактори: од веќе постоечката состојба, од силината на предстојната зима, од обликот и конструкцијата на вашата куќа или зграда, од навиките на вашите домашни, од ефикасноста на системот на греење итн.

Доколку сте решени да направите подобрување на изолацијата, сетете се да ги сочувате сметките за струја од минатата зима и на пролет да увидите колку киловати сте заштедиле.

..претходна     следна..