Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Намалете ја сметката за потрошената струја



Електричната енергија е се поскапа, а потребите за неа се се поголеми. Што можеме да сториме да ја намалиме сметката за струја?

Следат совети кои ќе ви помогнат во тоа :

• При замена или купувањето на нов апарат во домот, обрнете внимание на апаратите и уредите кои трошат помалку електрична енергија. Тие производи се означени со енергетска класа и со буквите : A, B, C, D, E, F,G. Уредите со А ознака трошат најмалку енергија. Апаратите со “A” ознака не се секогаш поскапи од другите.

• Во секоја просторија непотребно вклучените светла бескорисно ја трошат енергијата и Вашите пари.

• Употребувајте штедливи расветни тела – тие даваат иста светлост, трошат пет пати помалку електрична енергија и траат десет пати подолго. Ако класичната сијалица работи во просек 6 часа дневно, нејзината месечна потрошувачка е 18 киловат часови, а штедливата сијалица би потрошила 3,6 киловат часови. Класичната сијалица трае во просек 1000 часови, додека векот на траење на штедливите е околу 1000 саати.

• Обојте ги ѕидовите во светли бои.

• Не ја загревајте водата во бојлерот над 60°C .

• Еднаш годишно исчистете го грејачот на бојлерот.

• Фрижидерот поставете го подалеку од извор на топлина и надвор од досегот на сончевите зраци.

• Во фрижидерот не ставајте топли продукти и отворајте ја вратата само кога е потребно.

• Редовно отстранувајте ги наслагите на лед, доколку нема уред за самоодледување.

• При готвењето на електричниот шпорет користете ја брзозагревачката (експрес) рингла

• Изборот на ринглата нека биде според површината на дното на садот.

• Исклучете ја ринглата пред да го тргнете садот од неа.

• Не ја загревајте ринглата празна.

• По можност користете експрес лонец.

• При употреба на рерната вратата отворајте ја само по потреба.

• Употребувајте микробранова печка, бидејќи електричната енергија ја користат значително пократко во однос на класичните шпорети.

• Машините за перење на алишта и на садови користете ги на штедлива програма, според упатствата на производителот.

• Електричните апарати употребувајте ги најповеќе за време на ефтина тарифа.

 

Електричното греење и ладење е најголем трошок. Секој целзиусов степен е заштеда од 5% во сметката за струја.

• Намалете ја температурата на термостатот за греење кога одите на спиење или кога сте одсутни.

• Користете ги тајмерите за вклучување кога струјата е поефтина.

• Дупките во ѕидовите исполнете ги со пур-пена.

• Затворајте ги вратите и прозорците, поставете гумени дихтунзи кои траат и до 10 години, а се исплатуваат по првата сметка за струја.

• Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите и драперите како би го намалиле губитокот на топлина ноќе, а дење отворете ги за да влезе сончева топлина.

• Загревајте ги само оние простории каде престојувате.

• Доколку сте во можност, купете современи прозорци кои заптиваат и се со двојно стакло. Поставете и користете ги надворешните жалузини или ролетни за прозорците.

• Внимавајте термостатите на грејните тела да не се наоѓаат на ѕид без изолација. Со изолација на надворешните ѕидови може да се заштеди и до 30% енергија.

• Посадете дрва како штит од студениот ветер. Ако живеете во ветровит крај, посадете збиено брзорасечки четинари.

• Проверете ги сите места на кои било која инсталација (греење, водовод, канализација, струја) минува низ ѕид. Ќе откриете кај повеќето отвори (особено оние кои се направени дополнително (на пр. кабелска ТВ). дека димензиите на отворите се поголеми од димензиите на самите цевки или жици. Тоа се места низ кои влегува студен воздух во вашиот дом. Овие места може да ги затнете со пур-пена, а ако оштетувањата во ѕидот се поголеми, се исплаќа и да се замеша малку малтер и/или гипс и да се пополни отворот.

• Сите дозни, маски и розетни треба да бидат на свое место бидејќи и тие имаат улога во топлинската заштеда.

• Посебно внимание обратете на оџакот. Тој мора да биде добро изѕидан и изолиран од кујната.

• Погрижете се цевката за одвод од аспираторот да не служи како довод на студен воздух.

• Доколку имате печка на цврсто гориво, најоптимално е постојано да тлее, отколку да биде неколку часови угасена што ќе доведе до внес на студен воздух во домот.

 

Вратите и прозорците можат да претставуваат истотака еден од најголемите голтачи на топлина во вашиот дом, затоа треба да се обрати внимание на нивните изолациски особини.

Инаку, просечната распределба на губитоците на топлина на различни места во вашиот дом, врз основа на истражувањата изгледа вака :

• Ѕидови, подови и таван 31%

• Вентилациски отвори (оџаци, вентилатори, вентилациски решетки итн...) 19%

• Камини, огништа и чадоводни цевки кај печките на цврто гориво 14%

• Врати 11%

• Прозорци 10%

• Штекери, дозни и лошо исполнети канали за електрични и други водови 2%

 

Како што се гледа, постојат и топлотни одводи за кои можеби и не сте биле свесни, а некои од нив се места кај кои може најповеќе да допринесеме, а да спречат одлив на топлината и до 15%. Ако на тоа се додадат прозорите, вратите и поедини вентилациски отвори (за што истотака не се потребни поголеми вложувања), може сами да елиминирате преку 60% од сите можни топлински одводи од вашиот дом.

За да го направите поефикасно ладењето, а со тоа да ја намалите потрошувачката на електрична енергија за уредите за таа намена :

• Дење затворајте ги прозорците

• Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите како би ја намалиле акумулацијата на топлина, а отворете ги ноќе за да го зголемите ладењето. Ако надворешниот дел на клима уредот се наоѓа во сенка троши 10% помалку енергија. Внимавајте термостатот од клима уредот да не стои блиску до сијалиците и другите апарати кои загреваат. Ладете ги само просториите во кои престојувате. Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не се препорачува да биде поголема од 8°С, поради здравствени причини. Доколку сте во можност посадете дрвја како штит од прегревање – во нивна близина во лето е постудено за 4-5°С.