Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Бои во бањата



Повеќето луѓе ја доживуваат бањата како простор за одмор и релаксација, па затоа препорачливо е во неа да се присутни релаксирачки бои, како што се сината и зелената, кои истовремено со себе носат асоцијации на море. Сината боја може да биде присутна во широка лепеза на нијанси, од изразено пастелни до силно сатурирани нијанси. Честа комбинација која се среќава во бањите е морска сина и зелена боја со додатоци на бела боја.




Сината боја носи со себе релаксирачко чувство


Благи и топли бои, како и неутрални (земјани тонови) го зголемуваат чувството на топлина во бањата, како на пример, во вид на комбинација на беж и смеѓи нијанси. Бањата ќе добие на “женственост” доколку се определите за боја на праска или за розеви нијанси, а со жолта боја на лимон таа ќе добие свеж изглед.

Бојата на лаванда е добар избор за сите оние кои употребуваат етерични масла, мирисни купки и свеќи во бањата, како на пример, комбинација на боја на лаванда и крем боја, или пак потопли нијанси на жолта боја со светло-портокалова или црвена.

Доколку сакате да создадете спа амбиент, ориентирајте се на белата боја (бел под и ѕидови, бели фиксни елементи, па дури и бели пешкири) која ќе ја надополните со крем, топла жолта или златна боја, а предвид може да дојде и зелената боја. Инаку, белата боја во споредба со другите дава “најчист” изглед и таа може да се вклопи во било која шема на бои во бањата. Сепак треба да се има предвид нејзината севкупна застапеност за да на крајот не се добие клинички амбиент.




Розеви нијанси за женствена бања






Белата боја се употребува за создавање на спа амбиент


Комбинациите на црна и бела боја се за оние кои сакаат екстравагантен амбиент во бањата. За традиционална луксузна бања се препорачува употреба на камен, елементи кои се обложени со камен или кои се обоени во камени нијанси.





Црна и бела за екстравагантност





Каменот дава ефект на луксузност на бањата


Кога станува збор за бојата на подот, ѕидовите и таванот во бањата, подот на бањата секогаш треба да биде малку потемен од бојата на ѕидовите и таванот. Посветлите бои на ѕидовите, таванот и мебелот во бањата визуелно го зголемуваат просторот, а овој ефект е најизразен со употреба на белата боја. Ова особено е важно да се знае кога станува збор за избор на бои во помала бања. При изборот на бојата на мијалникот, треба да се има предвид дека кај мијалник во потемна боја дамките од водата повеќе ќе се забележуваат, што не е случај кај мијалниците во бела боја.