Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Со боите до саканото расположение



Боите се наоѓаат на секаде околу нас, а нивното влијание на нашиот живот е често подценето. На нашето расположение делуваат и потсвесно, па затоа при уредувањето на просторот за живеење освен за нивната складност и нашите вкусови, треба да се земе предвид и чувствата кои сакаме со нив да ги побудиме.




Ако сакате да го промените изгледот на својот дом, а размислувате за промени кои не би требало да бидат многу скапи, наједноставно решение е промената на бојата на ѕидовите, навлаките на гарнитурите, украсни детали како што се завесите, теписите и перничињата. Истражувањата покажале дека нашата околина, а особено боите, многу влијаат на нашето расположение. Бојата е прва работа која ја забележуваме кога се среќаваме со нешто ново.Човековата реакција на нив е субјективна, па затоа не постои универзално привлечна или одбојна боја, но затоа мали промени во нијансата на бојата може да поттикнат или потиснат некои наши емоции.

Внесуваат енергија



Во оваа група на бои постојат неколку различни категории. Прво, тоа се сите нијанси на сина боја, но мора да бидат интензивни. Темните и загасити нијанси на сина боја не припаѓаат на оваа категорија.

Во оваа група спаѓа и интензивна црвена боја, но не и темноцрвената. Што е потемна бојата, тоа е посмирена и со тоа е лишена од енергичност. При боењето на ѕидовите добро е само еден, или најмногу два ѕида да се обојат со силна црвена боја за да во просторот се внесе саканата доза на енергија.

На енергичните бои и припаѓа и жолтата боја која се граничи со златните тонови, а исто дејство има и интензивната жолта боја. Темнозлатната боја смирува, а треба да се знае дека многу светлите нијанси на жолтата боја со тек на време може да станат прилично иритирачки.

Нудат чувство на удобност

Темните, за разлика од интензивни нијанси на сината и пастелната виолетова боја, создаваат чувство на удобност. Инаку темните нијанси не би требало да се користат во мали простории бидејќи создаваат чувство на клаустрофобија.

Чувство на удобност создаваат и потемните нијанси на зелената боја, нијансите од земјани тонови, како и потемна виолетова боја на месо. Истотака и темните жолтеникави бои на путер спаѓаат во оваа група. Човекот го има чувството на мир и удобност кога е во допир со природата, па затоа сите бои кои подсеќаат на земја пружаат еднакво чувство.

Сензуално расположение


Црвената боја е идеална за спалните соби бидејќи ја побудува сензуалноста

Богатите смеѓи нијанси, чоколадните тонови, од светла до темна боја на чоколадо, како и одредени загасити и скарлетни бои на црвена будат сензуалност. Затоа се тие идеален избор за спалните соби, а саканото чувство на сензуалност со нив, за жал, не може да се постигне во малите соби.

Темната боја на лососот истотака побудува сензуално расположување, а таа без проблем може да се користи во помали простории, без чувство на клаустрофобија.

Делува исцрпувачки

Според бројни истражувања, интензивната пинк боја ја црпи енергијата, поради што во некои американски затвори ѕидовите на келиите се бојадисани со таа боја за да се намали агресивноста на затворениците. Слично дејство има и темнопортокаловата и жолтата боја.

Онерасположуваат


Сивата боја онерасположува, но во големи простории може да делува ефектно.

Темнозелената, модрата и сивата се бои кои поттикнуваат нерасположение кое понекогаш може да се граничи и со депресија. Ова се однесува и на потемните земјани тонови, т.е. боја на `рѓа.

Затоа внимателно со користењето на овие бои! Тие можеби се добри за истакнување на одредени детали, но не и за цели ѕидови, посебно во помалите простории.

Предизвикуваат клаустрофобија

Темноцрвената боја понекогаш може да делува прилично елегантно и софистицирано, како во трпезарија или во голема дневна соба, секако, со соодветен мебел, но во помали простории воглавно создава чувство на клаустрофобија.

Црната е силна и навистина во голем простор може да биде ефектна, но во помали единствениот ефект кој го создава е повторно – клаустрофобија. Ист ефект даваат и темносивата и смеѓата боја.

Освежувачко опкружување

Чистите зелени, како и зелената боја на циметот, делуваат освежувачки и често се употребуваат за бањи, иако не се лош избор и за дневната соба. Секогаш е подобро да се одберат светлите нијанси бидејќи со потемните се постигнува сосема поинаков ефект.

Интензивната портокалова боја истотака делува освежувачки, како и жолтата боја на лимонот, но нејзините посветлите нијанси ќе делуваат смирувачки.


Светлозелените нијанси делуваат освежувачки

Неутрално и стабилизирачки

Постојат неколку причини, повеќето различни, зошто некој би сакал да ја уреди собата на тој начин што таа ќе дише во неутрална атмосфера. Таква атмосфера обично се бара во деловни простории, а тогаш се употребуваат беж нијанси, светли земјени тонови и сива боја на гулаб.

Институционална зелена боја е посебна нијанса на зелена која се наоѓа помеѓу авокадо и пеперминт – делува неутрално и поради тоа станала стандардна боја во болниците. Споменатите нијанси не делуваат смирувачки на емоциите, но и не исцрпуваат емоционално.

Смирувачки бои


Доколку сакате да постигнете чувство на смиреност, со благи земјени тонови нема да згрешите.

Чувството на смирување се постигнува со користење на пастелно-сини нијанси, со пастелна боја на лаванда, како и со пастелна виолетова боја, а овие бои се почесто се користат во институциите за ментално здравје поради своето смирувачко дејство.

Бледите тонови на земјените нијанси кои се граничат со розевата месо боја, како и темните нијанси на златна боја, истотака создаваат чувство на смиреност.

Чувство на ослободеност

Светлата тиркизна боја и бојата на сонцето на човечката психа делуваат ослободувачки. Поврзаност со ова може да се најде во фактот дека, според старото верување, хроничните болни треба да бидат што почесто на морскиот брег уживајќи во чистиот воздух, сонцето и тиркизно-синото море.

Светлорозевата боја на праска истотака декува ослободувачки, а оваа категорија на бои претставува одличен избор за сите оние кои се решиле за целосно обновување на домот или за прв пат го уредуваат својот животен простор.