Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Поставување на типла во ѕид



Напомена: пред да поставувате типла во ѕид треба да се осигурате дека на тоа место не поминува електричен кабел или цевка.

Не дупчете на место кое е во хоризонтална или вертикална линија со електрични прекинувачи за светло или штекери (над или под нив, лево или десно)!

Не дупчете на место кое е во хоризонтална или вертикална линија со дозна!

Исто така, не дупчете на оддалеченост помала од 30 сантиметри од горната и долната ивица на ѕидовите бидејќи тоа се површини во кои може да се водат електричните кабли!

Најбезбедно е пред да започнете со дупчење, да ја исклучите струјата во домот и дупчењето да го извршите со дупчалка на батерија.

Најсигурен начин за да се избегне електричен кабел или цевка е местото да се провери со метален детектор за таа намена.




Поставувањето на типла во ѕидот е релативно едноставна операција. Најпрво треба да се обележи местото на кое сакате да биде поставен шрафот или куката.
Потоа се дупчи дупка со пречник и длабочина кој одговара на големината на типлата која е избрана. Ако имате ѕид кој е направен од мек материјал може да послужи и обична домашна дупчалка, но доколку ѕидот е од потврд материјал (на пр. бетон) употребете вибрациона дупчалка со бургија видија.

Доколку закачувате потежок предмет добро е дупката да биде малку закосена надолу, односно дупчалката да ја подигнете за неколку степени и да дупчите надолу. Вака издупчената дупка и поставената типла имаат поголема носивост. Истo така, издупчете малку подлабока дупка отколку што е должината на типлата.

Потоа поставете ја типлата. Пред тоа, добро е да се издува прашината која се наоѓа во дупката. Ако прашината се собере на дното на дупката, ќе ја скуси дупката и може да направи проблем при поставување на типлата.
Кога ќе ја поставите типлата, во зависност од моделот, нејзиниот крај може да биде потполно рамен со ѕидот или да има “шешир” кој се потпира на ѕидот. Неговата улога е да се спречи пропаѓање на типлата во ѕидот, доколку дупката во ѕидот е предлабока. Крилцата на боковите на типлата служат да се пречи испаѓање на типлата од дупката.

На крај поставете го шрафот или куката.

Доколку закачувате потешка слика или предмет, подобро е куката да биде поставена подлабоко во типлата.