Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Трендови во уредување на спалната соба



Најчесто за спалната соба се размислува исклучиво како за простор за спиење и одложување на гардеробата, но најновите трендови ја прошируваат нејзината улога, давајќи и одредени елементи и функции на дневната соба.

Спалната соба доживува трансформација. Просторно и функционално се зголемува, нудејќи дополнителен комодитет. Следејќи ги трендовите, сигурно спалната соба на многумина ќе им стане омилен дел од домот, бидејќи содржи баш сè – пространа гардероба, удобен кревет, клуб-маса со фотелји, голем тв-уред, библиотека или елементи за одложување на омилените предмети, како и врска со бањата.

Централен и најважен елемент во спалната соба е креветот. Покрај удобноста која е задолжителен елемент, естетскиот критериум ни малку не заостанува зад ова барање. Модерните кревети се истакнуваат со нагласеното заглавие, преку димензијата, начинот на изработка, материјалот или обликот, па така доколку било кој од овие параметри се избере како доминантен, креветот ќе има трендовско обележје.












Креветите и понатаму го задржуваат вниманието со интересните дизајни. Тркалезните и понатаму се во мода, а особено се практични за оние кои сакаат главата да ја ориентираат кон северната страна, а претходно поради ориентацијата на самата спална соба и организацијата на просторот не биле во можност тоа да го сторат.

Големите плакари или пространата гардероба не се само трендовски барања, туку и потреба во секое домаќинство. Димензијата, како и можностите за организација на голема отворена гардероба, која е составен дел од спалната соба, зависи од расположливиот простор. Доколку вашите просторни капацитети се недоволни, обезбедете голем вграден плакар со лизгачки врати, кои може да ги обложите со огледала, кожа, ткаенина итн. Плакарот повеќе не служи само како простор за одложување на облеката, туку станува и нагласен украс во просторот.

Комодата е составен дел од спалната соба. Таа е стилски интегрирана со останатиот мебел, но дизајнерски е прилично истакната. Позицијата во просторот е ненаметлива и не ги нарушува комуникациските текови. Се изработува од различни материјали, а трендовски особено се истакнуваат оние од стакло.
















Полиците за чување на книгите, односно помалите плакари се составен дел од спалната соба. Тие може да послужат како библиотека или да имаат интегрирана работна маса на која ќе биде поставен компјутер. Овој елемент на мебелот ја проширува функцијата на спалната соба во работна, односно во соба за одмор и разонода. Покрај ваков елемент прилега и клуб-масичка со барем една фотелја, која може стилски да отскокнува од целата спална соба.

Задолжителен елемент на трендовска спална соба станува и тв-уредот. Се наоѓа на позиција која е погодна за гледање од кревет, односно од фотелја. Тој е со нагласени димензии и ја истакнува новата улога на спалната соба, наметната со најновите трендови.

Истакнатите расветни тела го надополнуваат севкупниот впечаток за просторот. Големите подни или истакнатите столни ламби со можност за регулирање на осветлувањето го комплетираат силното естетско доживување и даваат можност за создавање на различни амбиенти, во зависност од функцијата на спалната соба во даден момент.

Може да заклучиме дека спалната соба, уредена според најновите трендови, не може да се нарече “оаза на мирот”. Сепак, за оние кои остануваат верни на себе и на своите потреби, таа секогаш ќе остане.