На што треба да се внимава при купување на нов стан според фенг шуи?
Анализирајте ги долу наведените точки за да купите стан кој ќе биде по ваша и фенг шуи мерка.
1. Локација на зградата и енергија
Енергијата на зградата влијае на енергијата на становите во него. Чист, добро осветлен влез, пријателско опкружување секогаш е паметен избор.
2. Кат и локација
Доколку е можно, подобро изберете стан на повисок кат отколку на понизок. Причината е очигледна: колку сте повисоко, помалку станови има над вас, што значи полесна енергија за вашиот стан. Исто така, има повеќе природно осветлување, како и подобар поглед/подобро Чи кое влегува во вашиот стан.
Според фенг шуи, најдобро е да се избегнува станот чија влезна врата е директно насочена кон лифтот или скалите.
Изберете стан кој малку ќе биде оддалечен од забрзана енергија која доаѓа од лифтот и скалите.
3. Распоред на просториите и протокот на Чи
Многу е важно да го проверите текот на Чи, односно на енергијата, пред да купите стан. Подоцна може да биде прескапо или дури и невозможно да ги направите неопходните промени за подобар фенг шуи. Дали се соочувате со ѕид при влегувањето во станот? Дали веднаш влегувате во кујна?
Водете сметка дали Чи има лесен проток во станот или пак дали може тоа да го постигнете со неколку едноставни декоративни детали или положби на мебелот. На пример, проблемот со ѕидот кој е во линија со вратата може релативно лесно да се реши, но положбата на кујната и бањата да се промени е невозможно.