Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Како да се избере вистинската перница?


На многумина кои патат од болки во вратот, вкочанетост или грчеви во рамената или рацете, или пак имаат оштетувања на дисковите или пршлените, пронаоѓањето на добра перница претставува решение на проблемот.

Изборот е голем, па затоа на неколку работи треба да се обрне внимание при купувањето на перница:

  • Перницата изберете ја според својата телесна конституција (ако сте со покрупна телесна градба, ниска перница нема да ви одговара, без разлика за кој тип и квалитет станува збор);

  • Перницата одберете ја според своите навики – доколку спиете на стомак побарајте ниска перница; доколку спиете на страна перницата треба да биде повисока. Добра, анатомски обликувана перница може да e соодветна и во двата случаи;

  • Перницата нека биде еластична – кога ќе ја стиснете, превиткате ја на пола или гушнете, таа треба да се врати во својот првобитен облик;

  • Доколку сте во можност, легнете и пробајте ја перницата, со што ќе може најдобро да ја процените; На перницата наслонете го вратот и главата, а не рамето;

  • Денес перниците често се со помали димензии од постарите на кои можеби сте навикнале – тоа не треба да ве збунува. Затоа, прекројте ги старите навлаките за перници за да бидат прилагодени на димензијата на новата перница.

  • Иако синтетичките материјали не се по дефиниција лош избор, со поголема веројатност на таквата перница повеќе ќе се потите, односно будите.

  • И денес, може да се одлучите за перница со пердуви, но добро распрашајте се за нивното одржување и трајност (слично е и со перниците со волна);

  • Перницата треба да има навлака која може да се симнува и пере.

  • Во креветот може да употребувате и дополнителни перници – на пример, потврдо перниче за поставување под грбот или посебно обликувано перниче за врат. Пријатно е да се постави и перница под благо свитканите колена, а постојат и валчести перници (т.н. body pillow) со која може да се потпре грбот при спиење на бок и истовремено на него да се наслони нога или рака. Оваа перница е особено погодна за трудниците во одмината фаза на бременост.