Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот


При симнување на закачени слики или при отстранување на старите тапети може да се забележат оштетувања како што се дупки од типлите или пукнатини на ѕидот.

Пред да почнете да варосувате или да лепите тапети овие оштетувања треба да се поправат.

Најпрво со правосмукалка исчистете ја прашината која настанала со пукање на малтерот или која потекнува од дупките од типлите, и задолжително отстранете ги сите климави делови од ѕидот.


Поправка со глет-маса

За тенките пукнатини и дупки употребувајте смеса за внатрешно глетување (глет-маса). Прашокот за глет-маса се меша во соодветен однос со вода, според упатството на пакувањето. Смесата добро се промешува за да стане хомогена, а потоа се остава петнаесетина минути за да проработат адитивите во неа. После тоа повторно се промешува и се почнува со глетување. Постојат дури и готови смеси во туби, кои се особено корисни за помали зафати на ѕидовите и таванот. Ваквата смеса се нанесува директно на сува и чиста површина и се развлекува со шпакла. Употребувајте само толку смеса за глетување колку што е потребно за едно глетување.

Испрскајте ги пукнатините и дупките со вода со прскалка за растенија или алишта или пак со четкичка бидејќи влажните места подобро ја врзуваат смесата за глетување. Добро втиснете ја глет-масата во дупките во три-четири наврати за да добро се затвори оштетеното место. Пред секое ново нанесување оставете ја смесата малку да се исуши. После нанесувањето на сите слоеви развлечете ја површината. Внимавајте на преминот помеѓу ѕидот и оштетеното место. Вишокот на маса отстранете го со шпаклата. После сушењето, израмнетите места може да ги варосувате или тапацирате со тапети.


Поправка со брзосушечки цемент

Доколку дупките се пошироки се препорачува погуста смеса за полнење, односно брзосушечки цемент. Помешајте ја смесата со вода според упатствата кои постојат на пакувањето. Пред да почнете со нанесување на глет-масата, навлажнете ги оштетените места. При работата со цементот носете заштитни ракавици. Цементот се стврднува во рок од пет минути, па затоа работете без застој. Оштетените места веќе после 30 минути може да ги обработувате. Крајната цврстина цементот ја добива после 24 часа. Пукнатините полнете ги од горе кон долу. Подот заштитете го со заштитна фолија која ќе се простира се до ѕидот.

Садот и алатите измијте ги со вода веднаш по употребата. Кога целосно ќе се стврдне смесата со која сте ги пополните дупките и пукнатините, површината треба да се израмни со шмиргла со гранулација 120. Нерамнините на обработеното место може да се уочат со нивните сенки доколку поставите извор на светлина од страна. По брусњето отстранете ја прашината и на оштетените места нанесете т.н. “основна боја”, која ќе овозможи рамномерно впивање на бојата при варосување и лепакот при лепењето на тапети.