Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Десет чекори до плакар со пријатен мирис



Гардеробниот плакар во спалните соби и претсобја често навлекува и задржува непријатен мирис карактеристичен за непроветрени простори. Сепак, постојат едноставни и ефикасни начини ова да се спречи или отстрани:


1. Извадете ја сета облека од плакарот.

2. Измијте ги вратите однадвор и одвнатре. Наместо синтетичките детергенти употребувјате топла вода, бел оцет, сол и сода бикарбона.

3. Исперете ја, исушете ја и испеглајте ја сета облека. Оставете ја добро да се проветри пред да ја внесете во плакарот. Кога плакарот потполно ќе се исуши, распоредете ја внатре плански облеката за да не се создаде неред. Плакарот полнете го одназад кон напред и од горе кон доле. Облеката која најчесто ја носите нека ви биде на дофат, а облеката која поретко ја употребувате нека биде сместена подлабоко во плакарот.

4. Во плакарот не ставајте облека која веќе сте ја носеле. Облеката веднаш го собира мирисот на потта, храната, тутунот, смогот.

5. Исто така, не смее да внесувате мокра, ниту пак и малку влажна облека. Влагата исклучително е погодна за развој на мувла и габи, кои се најчести причинители на мирисот на застоеност.

6. Не ги чувајте чевлите во плакарот – тие се постојан извор на непријатни мириси. Доколку немате друго место каде би ги чувале, осушете ги пред да ги внесете во плакарот, а добро е во нив да се стават отстранувачи на влага (дрвен јаглен, хартија од весник, песок за мачки, сода бикарбона – најдобриот елиминатор на мириси или пак мали вреќички кои ги добивате при купувањето на нови чевли). Ако и ова не даде резултат, чувајте ги во пластични кутии или вреќички.

7. Погрижете се помеѓу облеката постојано да имате мирисни средства. Најдобро е кога се природни и не се штетни по здравјето. Тоа може да биде лаванда, етерично масло или исушен цвет. Лавандата исто така е одлично средство против молците, има исклучително релаксирачки мирис и делува аромотераписки.

8. Етеричното масло од лимон, портокал или мандарина ( или било кое по ваш вкус) исто така е одличен избор. Не е штетно и долго ја задржува свежината.

9. Благ, ненаметлив и пријатен мирис создава и потпури. Тоа е еден вид на ароматична смеса која вообичаено се прави од исушени ливчиња од цветови, зачини и миризливи масла. Најчесто се употребуваат лаванда, ружа, каранфилче, темјанушка, лимон, портокал.

10. Исушени вреќички на омилени видови на чај (ментол, липа, камилица, јасмин), кои може да го ставите во џебовите или да го закачите на закачалки, исто така ќе помогнат за создавање на пријатна миризба во плакарот.

Резултат на овие едноставни и лесно применливи совети е долготрајно свеж и мирисен гардеробер.