Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Природни материјали за посладок сон


Набавката на природни квалитетни материјали за вашата постелата може да прозвучи како скап потфат, но ако знaете колку ќе допринесе за квалитетот на вашиот сон, ниедна цена не е превисока. Еве неколку совети како за вашите пари да добиете квалитет кој што ќе одговара.

Материјалите го определуваат нивото на удобност

Секојдневно при купувањето на било кој производ правиме компромис помеѓу квалитетот и поповолна цена. Сепак, кога станува збор за избор на нешто во што минуваме третина од својот живот и го употребуваме со цел да се одмориме, тогаш отстапки на сметка на квалитетот не би требало да се прават.

Најзначаен фактор кој го определува квалитетот на вашата постелнина е квалитетот на материјалот од кој е изработена. Постои втемелено мислење дека најдобри се постелнините од египетски памук и оние од “Пима” памук, барем кога станува за удобноста. Се разбира, доколку не сте во можност да ги набавите токму овие, на располагање ви стои широка лепеза од памучни ткаенини.

Памукот секогаш е најдобар избор на ткаенина и кога се работи за заштита на здравјето, како и за заштита на околината.


Проверете го бројот на јазлите на постелата


Едноставен начин да се провери квалитетот на постелнината е веќе на прв поглед бројот на јазлите, кој треба да биде наведен на декларацијата. Колку е поголем бројот на јазли, толку е поголем комфорот што го пружа ткаенината. “Бројот на јазли” е бројот на јазли што го формираат вертикалните и хоризонталните конци од памук на површина од 1 квадратен инч (2,54 cm2) или густина на ткаење. За да се добие што поголем број на јазли на квадратен инч неопходно е конецот да биде потенок. Бројот на јазли кај постелнината може да варира – од 80 кај обична ткаенина до 400 јазли, што е случај кај египетскиот памук. При изборот на постелнините бирајте ги оние со повеќе од 100 јазли, во зависност од вашиот буџет и вкус.


Обрнете внимание на изразот “Перкал” (Percale)

Перкал е вид на ткаенина со голем број на јазли и специфичен начин на ткаење и може да биде направен од поголем број на различни видови на материјали. Ова самото по себе не значи дека секогаш станува збор за висококвалитетен производ. Перкал може, но и не мора да биде стопроцентен памук, туку може да биде и комбинација на памук и полиестер. Затоа внимателно прочитајте ја декларацијата. Ако сакате памучна постелнина, уверете се дека составот е памук (cotton) 100%.

Изберете постелнина која ќе одговара на вашиот ентериер

Покрај квалитетот, бирајте постелнини кои со бојата и дизајнот ќе одговараат на темата на вашата спална соба. Одберете нешто што ќе претставува баланс помеѓу квалитетот, стилот и цената и тоа по наведениот редослед. На тој начин ќе направите најдобра набавка за парите кои ви се на располагање.