Направи сам:

Направете сами новогодишни декорации

Трошниот мебел во тренд

Направи сам: фарба за табла на ѕид

Направи сам: плетена лежалка

Подлошки од камчиња

Велигденско јајце од коноп

Топка со снегулки

Столици од палети

Вратете го сјајот на комодата

Полици за пешкири

Вазна со канап

Ѕиден часовник од дрво

Постолје за цвеќе

Висечки полици

Kутија од магазини

Цветен лустер

Аголна масичка

Ѕиден часовник

Декорирање на саксии

Клупа

Масичка од трупец

Сопствен дизајн на ламба

Излог

Свеќници

Искористете ги старите лончињa

Eзерце во дворот

Полица со рамка

Собна фонтана

Цветна кулиса за тераса

Black&White преобразба

Абажур од коноп

Соба во соба

Аквариум

Сталажа за музички систем

Полица за компакт дискови



Цветна кулиса за тераса




Доколку сакате да внесете свежина во својата тераса, изработете симпатична кулиса на која ќе одгледувате летни саксиски цвеќиња, која ќе ги замени жардинјерите поставени на работ на терасата.


Материјал и прибор:

• MDF плоча (медијапан) со димензии 60 x 140 cm
• Сребрена акрилна боја за дрво (мат)
• Пластични и стаклени кутии со соодветни димензии
• Црвена акрилна боја со висок сјај во спреј
• Кукички за закачување
• Завртки со соодветни типли
• Садници за саксиско свеќе по избор


Постапка:

MDF плочата може да ја искроите на посакуваната димензија. Притоа, најчесто на местото каде што се продаваат плочи се нуди и услугата кроење. Со сребрена боја во два слоја обојте ги двете страни на плочата. Со завртки прицврстете ја на ѕидот од терасата, но имајќи предвид дека треба да го одберете она место што ќе овозможи непречено поминување или поставување на маса, поради фактот што ќе загубите простор во широчина на монтираните кутии. Стаклените, лимените и пластичните кутии добро измијте ги. Издупчете отвори на кутиите за закачување на плочата.

Откога сте ги направиле отворите, обојте ги кутиите со црвена боја. Нацртајте план за закачување на истите пред да ги монтирате кукичките за закачување.

Пред садењето, ставете на дното на садот ситни камчиња заради дренажа на земјата, а после садењето насипајте ги врз земјата до работ на кутијата, така што земјата воопшто да не се гледа.

Најтешката кутија не ја закачувајте, туку поставете ја на под.