Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Големо огледало во бањата

Плочки за интригантна бања

Совети за избор на туш-кабина



Туш-кабината е идеалнa за одржување на личната хигиена, а претставува и место каде што може набрзина да се опуштиме после напорниот работен ден. Сепак постојат туш-кабини со различни облици, димензии, изработени се од различни материјали, а и можностите што ги нудат се различни. Еве неколку совети за избор на соодветна туш-кабина:

Облик на туш-кабината

Петоаголна

Таа лесно се вклопува во аголот, а на тој начин e дизајнирана за да зазема помал простор. Не е премногу комфорна, но погодна е за сите видови на бањи.



Квадратна

Има поголем простор за туширање од петоаголната кабина. Може да се постави во аголот или на рамниот дел од ѕидот. Овие кабини најчесто се во поевтини изведби (поради евтиниот материјал PVC), но ги има и во поскапи изведби.


Правоаголна

Ако имате голема бања овие кабини се вистински избор. Се поставуваат до ѕидот, нудат најголем комфор, а можат да бидат долги и до 170 cm. Најчесто се изработуваат од квалитетни материјали и во луксузни варијанти, а во склад со ова е и нивната цена.


Триаголна (заоблена)

Тоа е стандарден облик кој е идеален за позиционирање во аголот на бањата, а со изгледот се слични со петоаголните кабини. Се изработуваат во неколку големини, а по цената спаѓаат во категоријата средно скапи кабини.



Избор на материјали

Акрилот и пластиката се материјали кои вообичаено се користат кај туш-кабини бидејќи се лесни, достапни, евтини и лесно се одржуваат. Нивни недостатоци се можноста за нивно лесно оштетување, како и појава на пукнатини.

Поскапи и полуксузни материјали се керамиката, камената смола и мермерот.

Естетскиот ефект е поголем кај овие материјали, но и тежината на туш-кабините е поголема, а посложена е и постапката за нивно поставување.


Големина и боја

Секако дека е пријатно да се туширате во пространа кабина, но доколку бањата е мала не треба да се претерува. Туширањето може успешно да се изведе и во кабина со димензии 80x80 cm. Доколку бањата е голема и имате доволни финансии, купете голема и пространа кабина опремена со различни додатоци.

Белата e најпопуларна боја, а други чести бои се крем и розовата боја.


Каде да се постави туш-кабината?

Местото каде што ќе се постави туш-кабината зависи од положбата на прозорците и вратата, како и од положбата на водоводната инсталација (доколку не сакате да ги кршите плочките). Најчесто се поставува во аголот бидејќи таму зазема најмалку простор, но може да биде и поставена и во други делови од бањата.

При купувањето на туш-кабината добро е од истата продавница да ги набавете и сите потребни приклучоци за да не бидете принудени да правите одредени импровизации.