Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Совети за уредување на дом со мали деца

Детската соба – свет од бајките




Детската соба - свет од бајките


При планирањето на дизајнот за детската соба, прво треба да се размисли за функционалноста – за секојдневните активности на детето, за мебелот, како и за дополнителни предмети кои овозможат попријатно извршување на активностите. Потоа следи осмислување на естетиката на просторот, со бои и облици кои треба на целиот простор да ќе му дадат нота на фантазија.

Ако станува збор за просторија со поголеми димензии, пожелно е да се подели на “зони” за различни активност – спиење, хранење, играње и/или дружење со пријателите, учење – а во случај да се две или повеќе деца ја користат истата соба, добро би било секое од нив да си биде “сопственик” на свое катче за чија уредност ќе биде задолжено.




За секое дете сопствено катче


При изборот на мебел, ткаенини, бои или тапети за ѕидовите, потребно е да се земе предвид дека сите површини во детското царство ќе бидат многукратно “украсени“ со парчиња храна, истурени пијалоци, цртежи…Затоа најсоодветна е употреба на отпорни материјали кои лесно се чистат, на пример, бои за ѕидови отпорни на често миење.

Исто така, за соба на мало дете се препорачува тврда подна облога како што е квалитетно обработениот паркет, која подоцна може се надополни со весели теписи и теписони, усогласени со декоративната шема на собата.




Дрвениот под надополнет со тепих е соодветна
подлога за дестката соба


Кога децата растат, се менуваат нивните потреби и активности, а тие промени треба да бидат следени и од самите предмети во собата. За оваа цел на пазарот постојат мултифункционални парчиња мебел, кои со минимални зафати можат да се прилагодуват на возраста на детето.

Многу важен фактор кој треба да се земе предвид при уредување на детската соба е сигурноста. Имено, треба да се внимава на изложеноста на детето на допир на електричните инсталации, расветните и грејнита тела, како и на поставеноста на прозорецот и можноста за негово отворање.

Кога станува збор за помали деца, столната и подната расвета лесно може да стане предмет на игра, па затоа се препорачува таванската и ѕидната расвета да бидат главни извори на вештачкото осветлување. Истотака, пожелно е да се комбинираат различни извори на светлина, за да со нивно вклучување и исклучување се прилагоди осветлувањето на нивните потреби и активности (на пример, при играње посилно осветлување, а при одмор послабо осветлување).




Се препорачува таванската и ѕидната расвета да бидат
главни извори на вештачкото осветлување


Мебелот не би смеело да биде изработен од лесно кршливи материјали како што е стаклото, а острите рабови на масите, ормарите, креветот да бидат заменети со заоблени.

Омилените предмети на детето изложете ги на полиците, додека останатите можат да се “стават да спијат”, на пр. под креветот, во фиоки, во украсни кутии од картон, во кошнички, шкафови...

Боите во детската соба би требало да бидат весели и да делуваат стимулативно на развојот на детето. Примарните бои (силни нијанси на сина, жолта, црвена) со додаток на зелена секогаш се добредојдени.

Шарените материјали на ѕидовите и таванот (јунаци од цртаните филмови, месечина со ѕвезди, рибички и морски свет, разиграни животни итн.) се идеални за разиграните детски активности.

Ѕидните тапети или насликаните ѕидови со ускладени бои и дезени со завесите, подните простирки, покривачи и перници треба да ја претворат детската соба во место од бајките. Сeто ова,по одредено време, може да се замени и на тој начин да ја освежи собата.

Прозорските стакла може да се направат пошарени доколку се насликаат или се залепат налепници, а како такви ќе овозможат при влегувањето на сончевата светлина низ стаклото, истите бои и облици да се пренесат на ѕидовите, подот, мебелот.

Пожелно е и самите деца да учествуваат во креирањето на своето катче. Прашајте ги за мислење, тие најдобро знаат кои ликови се “in”, а кои се “out”. Впрочем, децата се најталентираните дизајнери. Многу врвни уметници и креативци сеуште “се во контакт со детето во себе”.