Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Амбиентално осветлување за добра ноќ



Спалната соба е простор за релаксација и одмор, а осветлувањето игра голема улога во создавањето соодветни услови за ова. За разлика од централното осветлување, коe има функционална улога, амбиенталното осветлување овозможува да се создаде атмосфера за соодветно расположение.

Кај амбиенталното осветлување пожелно е да има повеќе модови и јачини на осветлување, со цел да се подеси осветлувањето според расположението.

Треба да се внимава тоа да биде така поставено што нема да блешти, или пак кај истото да постои можност за регулација на јачината на осветлувањето.
















Амбиенталното осветлување може да се постигне на повеќе начини. Еден начин е со вградено осветлување на дел од таванот, кај спуштени тавани, при што е препорачливо да има регулација на јачината.

Особено интересни ефекти може да се постигнат со вградување на ЛЕД осветлување во елементите од спалната соба. Тоа може да бидат ЛЕД ленти кои кои се поставени на долната страна кај внатрешниот раб на креветот, со што ќе се создаде индиректно осветлување под креветот. ЛЕД лентите може да се постават и во плакарите, како и на рабовите на парчињата мебел.

Со поставување на ѕидно осветлување зад заглавјето на креветот може да се создаде игра на светлина и сенки, кои ќе создадат интересна декорација на ѕидот.

Амбиентално осветлување може да се добие и со употреба на столни и подни ламби. Тие може да бидат поставени на комодата во близина на некој декоративен предмет, или пак на подот зад креветот, доколку има слободен простор.