Овој елемент во фенг шуи е тесно поврзан со менталната моќ, остроумноста и интелектот.
Било кој метален предмет, камен или природни кристали се претставници на овој елемент. Тука се разни уметнички дела и скулптури направени од метал или камен, како и метални ѕвончиња.
Најповолно е неговото присуство на запад, северозапад или север, а неговото присуство треба да се избегнува на исток, југоисток и североисток.
Бои кои го засилуваат овој елемент се белата, светли пастелни бои, сивата, сребрената, како и други бои кои асоцираат на метал - бакарна, бронзена итн.
Исто така, кружните и овалните облици и лакови го засилуваат овој елемент. Кога сакаме да го засилиме елементот метал во одреден простор, треба да ги избегнуваме предметите со остри рабови.
Доколку станува збор за мебелот, претставници на елементот метал се ниски и широки парчиња мебел, како на пример, долга, удобна софа.