Газанијата има кожести, ременести листови, долги околу 20 cm. Во зависност од бојата
на цветовите може да бидат назабени, целосно сиви или од горната страна темно
зелени, а од долната сиви. Прекриени се со многу тенок слој на влакненца. Цветовите наликуваат на маргаритки и се со големина од 5-7 cm. Може да бидат еднобојни (жолти,
портокалови, розови, виолетови), пругасти или со темен прстен во средината на цветот.
Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку
поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври.
Најчесто се одгледува како едногодишно растение, но всушност е трајно. Бидејќи
потекнува од јужна Африка зимите кај нас ѝ се прејаки, па најчесто замрзнува. Во зима
прекријте ја со суви листови за да не ја оштети мразот.
Мора да е посадена на сончево место бидејќи во спротивно нема да цвета, а земјата мора да
има добра дренажа. Садете ја на растојание од 25-30 cm бидејќи коренот многу брзо се
шири. Не ја залевајте многу обилно.
Се размножува со семе или ако презимила може во рана пролет да го поделите
коренот.