Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Рустични детали за топлина во кујната


Мирисот на домашен леб, оган во каминот и бавно уживање се работи кои ги поврзуваме со рустикалните, старовремски куќи.

Рустикалниот стил на уредување по правило бара големи простори, високи тавани. Мебелот од овој стил главно е робустен и би го оптоварил малиот простор. Ова не значи дека малите простори како модерните кујни, не можат да имаат рустични елементи.

Рустичните елементи добро се вклопуваат и во модерно уредена кујна, која честопати може да делува помалку студено.

Два или три добро избрани предмети и детали може да го направат просторот да делува помалку строго и да внесат топлина во него. Во кујната, материјали како ратан, коноп, трска, слама многу добро ќе се вклопат.

Разните садови, прибор за јадење и сл. изработени од дрво, кое е основен материјал во рустикалните кујни, се одлични за таа цел. Поединечни елементи од керамика или глина, кои исто така се типични материјали во рустикални кујни, дополнително ќе го зголемат ефектот.

Кога е во прашање текстилот, класичните бели прекривки или оние со кариран мотив од дамаст се одличен избор. Тука се и разни предмети од стакло, соларници, каранфингла (држач за оцет и масло) кои ќе го надополнат амбиентот.