почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:


Видови и особини на прозорците:

Вовед

Основни видови на прозорци

Основни функции на прозорецот

Споредба на материјалите на прозорците

Заштитни фолии за прозорци

Заштитни фолии за прозорци




Стаклото е еден од најзначајните материјали во градбата на стамбените објекти поради способноста да пропушта светлина и сончеви зраци во просторот.

И покрај развиените нови технологии на изработка на стаклото, обичното прозорско стакло, кое сè уште најчесто се употребува во станбените објекти, има слаби карактеристики во поглед на контрола на соларната енергија, топлинска изолација и сигурносни својства.




За да се подобрат истите, како решение се јавуваат заштитните фолии, кои се класифицираат во неколку видови:

• фолии кои го намалуваат влезот на сончева топлина во просторот, губитокот на топлина во зима, го намалуваат блештењето на сонцето и дејството на УВ зраците;

• фолии кои нудат сигурност при кршење на стаклото, така да спречуваат распрснување на парчињата од стаклото, а со тоа нудат заштита на лицата внатре;

• фолии кои со својата цврстина спречуваат или отежнуваат влез во просторот;

• фолии кои спречуваат поглед во простор, но пропуштаат светлина, и може да имаат декоративна примена.


Како делуваат фолиите за намалување на влезот на сончева топлина во просторот?

Со стандардната метода на производство, фолиите се произведени од полиестер и се поткрепени со разни метали (како на пример, сребро, бакар, никел и др.), со кој се постигнува ефект на одбивање/ рефлексија на сончевата топлина.



Со овие фолии драстично се намалува штетното дејство на УВ зраците врз лицата во просторијата, а се спречува и промена на бојата на мебелот и предметите зад стаклото.

Фолијата за заштита од сонце овозможува заштеда на 10-15 % на трошоците за електрична енергија за климатизација на просторот.

Најчесто фолиите се поставуваат на внатрешната страна на стаклото, и со тоа се постигнува нивна долготрајност. За просториите каде тоа не е можно, како и кај застаклени кровови, фолиите се поставуваат на надворешната страна од стаклото. На овој начин заштитата од сонцето е уште поголема бидејќи сончевите зраци не минуваат низ стаклото, туку веднаш се рефлектираат од фолијата.

Со новата технологија се произведуваат и фолии кои не користат метали, туку нано технологија. На тој начин се добиваат фолии кои не го намалуваат влезот на светлина во просторот, што е случај со стандардните фолии, а притоа одлично го намалуваат дејството на сончевата енергија.

Светските производители даваат вообичаено 7 до 10 години гаранција за фолии кои се поставуваат внатре, а 3 за надворешно поставување. Новите фолии со нано технологија имаат и 15 години. Овие гаранции се однесуваат на техничките карактеристики на фолијата, односно дека фолијата нема да ги смени своите својства и дека со тек на времето нема да се појават меурчиња или да стане замаглена.

По монтажата на фолијата, се препорачува стакло да не се мие месец дена, за да целата влага со која е монтирана фолија испари. После ова сите високо квалитетни фолии може да се чистат со вообичаените средства за стакло.