Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Ковано железо во ентериерот


Уметноста на изработка на железото датира од дамнешни времиња. Повеќе стотици години на технологија на поединечна изработка на секој предмет и денес ја докажува уметноста на врвните мајстори. Уникатите изработени со рака, со многу внимание, трпение и верба, својствени за старите мајстори оставаат во иднината траг од минатото.




Особеноста на ковачкиот занает е постапката во која се работи со челик кој се загрева, а потоа се потопува во вода. Целта на овој процес е да се добие специфична структура на металот. Со потопувањето во вода кртиот челик зајакнува и станува попогоден за обработка. За да се постигне ова потребно е загревање на металот до одредена температура. Различната употреба на предметите кои се изработуваат бараат различни карактеристики, а со самото тоа и различни начини на обработка на металот. Вештите ковачи се во состојба истото парче метал да го обработат на повеќе места на различни начини.








Мебелот од ковано железо најчесто сме навикнати да го гледаме во екстериерот и на терасите. Меѓутоа, овој мебел е многу погоден за комбинирање со разни стилови - класични, модерни или рустични, така што често е присутен и вешто вклопен во современите ентериери.

Спална соба – на прикажаните слики може да се видат заглавја кои се направени од ковано железо, додека кутијата на креветот е засебна, со цел да се постигне потребната удобност.




Креветот кој целосно е направен од ковано железо, има модерни линии и дизајн кој може да се вклопи во современ ентериер.

Во случај да поседувате кревет кој не сакате да го замените, а сакате да внесете парче мебел од ковано железо, поставете мала масичка од овој материјал која ќе го замени ноќното ормарче.
























Дневна соба и трпезарија – во дневната соба доволно е клуб масата да биде од ковано железо, со стаклена плоча или плоча од гранит или мермер. Интересен детаљ е и масичка која има висина малку поголема од стандардната, а може да биде поставена наместо комода во дневната соба или претсобјето.
















Многумина стравуваат дека доколку внесат комплет столови и маса во домот, ќе се создаде студена атмосфера. Со убаво тапацирани седишта или со интересна декорација на масата, ќе се добие уникатно уживање за време на обедувањето.




Оградата на скалите од ковано железо може да биде еден од најубавите детали во ентериерот. Може да се поврзе со некое парче мебел од истиот материјал или пак да биде единствен и засебен елемент во ентериерот, кој повторно ќе ве израдува при секое влегување во домот.




Доколку просторот не ви дозволува, а сакате да уживате во кованото железо, тоа задоволство може да ви го понуди лустер во трпезарија, столна или подна ламба во дневната соба, огледало во бањата или закачалка во претсобјето.