Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Чистење на клима-уред


Летото е период од годината кога клима-уредите интензивно се користат, со што летните горештини стануваат поподносливи. Сепак, треба да се знае дека доколку клима-уредот не се чисти, може да стане погодна почва за развој на предизвикувачи на болести. Затоа, се препорачува пред почетокот на секоја летна сезона да се одвојат десетина минути за чистење на клима-уредот.

Најголем дел од клима-уредите во домовите се со сплит систем, како што е и уредот за кој е опишана и постапката. Постапката е следната:


Поклопецот се подигнува на тој начин што со двете раце, во исто време, ќе ги повлечете неговите краеви кон себе.
Под поклопецот , на левата и на десната страна од клима-уредот, се гледаат филтер мрежички. Потребно е и двете да се извадат. Тие се вадат на тој начин што долниот дел од мрежичката се подига за 1-2 сантиметри во насока на црвената стрелкa, а потоа се повлекува и вади во правец на жолтата стрелка.

Доколку вашиот уред има и дополнителен филтер на мрежичката (како што е зелениот на сликата), извадете го од неа.
Филтер мрежичките се вадат за да се исчистат од нечистотиите кои се наталожиле на нив со тек на времето на користење.
Исперете ги така што ќе ги потопите во млака вода (до 30ºC), во која може да се додаде сапун или средство за миење садови. Така потопени оставете ги до половина час, а потоа исперете ги со млаз вода и одложете ги да се исушат.
Исто така, со правосмукалка исчистете ја прашината која се наталожила во клима-уредот. Може да употребите и некое средство за дезинфекција или дезодорирање на клима уредот.
На крај, вратете ги сите филтри на свое место и затворете го капакот.