Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Розoва во домот



Розовата спаѓа во групата на нежни бои. Таа е благодарна за употреба бидејќи може да се користи во многу нијанси, како доминантна или како боја за одредени детали. Розовата е елегантна, допадлива и нежна боја која внесува смирувачка атмосфера во домот. Таа важи и за боја на женственоста.

Доколку комбинирате посветли и потемни нијанси, тие може да бидат остри и драматични, и на тој начин да се создаде совршен ефект во просторот.








Генерален совет е посветлите и попастелни нијанси да се употребуваат во позадина или како основна ѕидна боја, која може да се засили на поистакнати површини. Поживите тонови се подобри кога станува збор за детали, вази, завеси, чинии, декоративни ткаенини и сл.








Постојат повеќе нијанси на розова боја, почнувајќи од најсветлата бебешка розе боја, па сè до циклама боја. За различни простории се препорачуваат различни нијанси на на розова боја. Така, во кујната и во спалната соба се препорачуваат посветли нијанси, додека потемните може да се употребат во бањата, дневната соба и ходникот.








Розовата боја одлично се комбинира со различни нијанси на други бои. Со зелената боја, кој воедно е и нејзина контрасна-комплеметарна боја извонредно се сложуваат.




Комбинацијата на розова боја со светло сина совршено се вклопува во кујната, но и во други простории и дава ретро стил на 50-тите години.




Со црвената и циклама бојата во комбинација со нијанси на розова може да се добие модерен изглед на спалните соби и ходниците.








Сивата и розовата се бои кое се надополнуваат. Имено, сивата за многумина е тмурна боја, а розовата е ведра, па така конечниот ефект е одличен.








Розовата боја добро се сложува и со виолетовата боја. И двете бои се нежни и најчесто оваа комбинација ја одбираат романтичните.




Розовата боја може да биде и агресивна боја и нежна боја – зависи како и со што се комбинира. Премногу розова може да го задуши простор, па затоа не треба да се става премногу детали со исти нијанси на розова во една просторија. Темниот мебел добро се комбинира со оваа боја, како и белиот.

Розовото осветлување, исто како и розовите елементи ќе внесе романтичен амбиент во просторот.

Во последно време и дизајнерите на куќните апарати им даваа розево руво, па така тие освен основната функција, ја играат и улогата и на воочливи детали.