Завесите во домот ја имаат улогата да штитат од светлина и туѓи погледи, но и како моќен декоративен елемент. Според фенг шуи, завесите имаат свое влијание на енергијата која е присутна во домот и функција за блокирање на лошата среќа.
Еве неколку совети за избор на завеси според фенг шуи:
Доколку прозорецот гледа во некоја глетка која не е поволна според фенг шуи, може да го покриете со завеса.
Притоа, не треба да се ставаат предебели или претенки завеси. Предебелите завеси веднаш и драстично ја затемнуваат просторијата, па така просторијата добива мрачен изглед кој не делува пријатно. Претенките завеси не може да блокираат доволно количество на светлина и не можат да ги затскријат негативните погледи, доколку постојат. Најдобар избор се завеси кои имаат два слоја - потенок кој би бил користен за затскривање на погледите и подебел слој кој ќе се користи за спречување на светлината.
Главната боја на завесата треба да биде топла и светла, имајќи предвид дека за повеќето тие делуваат релаксирачки.
Доколку станува за мал простор, може да се користат завеси со дизајн кој визуелно ја зголемува просторијата.