Доколку сакате да изберете тепих за ходникот кај влезот, односно фоајето на домот, еве неколку совети според фенг шуи како тоа да го направите.
Влезот во домот е битен елемент поради тоа што токму преку него домот ја апсорбира Чи.
Кога се избира обликот на тепихот, треба да се знае каде е насочена влезната врата. На пример, доколку влезната врата гледа на исток, правоаголен облик (елемент дрво)или квадратен облик (елемент земја) е поволен, а треба да се избегнува кружниот облик (елемент метал). На овој
линк е прикажано кои облици се карактеристични за одредени елементи, односно страни на светот.
Слично е и со изборот на боја. Ако вратата гледа на исток, треба да се изберат бои на еден од трите елементи земја, дрво и вода, а треба да се избегнуваат боите на елементот метал и огин, односно да се избегнуваат белата, сивата и црвената боја. На овој
линк е прикажано кои бои се карактеристични за одредени елементи, односно страни на светот.
За дизајнот на тепихот, доколку сакате да има слика на тепихот, нека тоа биде логичен избор. Така, нека нема тепихот, на пример, мотиви на птици или други драги нешта бидејќи буквално по нив секојдневно ќе газите. Наместо тоа, може да се изберат мотиви на песок, патека во градина и сл.
Ако се одлучите за апстрактни форми, нека бидат во согласност со страната на светот каде се поставува тепихот. Така, на источната страна, каде владее елементот дрво, мотивите на тепихот со облик на дијамант не се добар избор поради тоа што обликот на дијамантот го застапува елементот оган, кој е непосакуван на исток.