Ова растение, познато и под името дуњарица, е ниско украсно растение од фамилијата Rosaceae. Има висина 60 cm и ширина 1,5 m. Се користи како ограда, како грмушка, а убаво изгледа и како ползавец преку ѕидчиња. Листовите се со големина 5 до 15 cm и создаваат убава комбинација со црвените плодовите, кои имаат атрактивен изглед, но се отровни.
Треба да се засади на добро осончано место, а може и во полусенка. Најдобро е да се сади во есен, во свежа, мека земја, порозна со малку песок и тресет. Може да се сади посебно, но и со други цвеќиња. Младото растение потребно е добро да се залева, но не и премногу за да не дојде до трулење. Потоа, кога ќе развие јак корен е добро отпорно на сушни периоди.
Мушмулицата е скромна во барањата , добро поднесува суша, се прилагодува на било кое тло, но најдобро му одговара умерено плодна и добро пропустлива земја.
Обрежувањето не е потребно, а треба да се внимава на сувите и оштетени гранки кои треба на пролет да се отстранат. Ако се користи како жива ограда треба да се обрежува после цветањето на растението. Младите растенија треба да се обрежуваат на пролет, на пола должина од гранката од минатата година за да растението биде поцврсто и поразгрането.