почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:


Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Уредување на соба за прваче



За да се овозможат добри услови за школските активности кои го очекуваат првачето, потребно е да се создаде квалитетен работен простор во детската соба или друга просторија каде детето ќе ги извршува училишните обврски. Работниот простор треба да има маса, стол, простор за складирање и соодветно осветлување.




Масата треба да биде во склад со просторот кој стои на располагање, но притоа треба да има најмалку 60 cm длабочина. Должината на масата треба да биде 100 cm, или нешто поголема ако на неа има монитор или лаптоп. Висината на масата треба да биде 73-76 cm во зависност од висината на детето. треба да има најмалку две фиоки, од која една поплитка (10-12 cm) за чување на прибор и една подлабока (најмалку 20 cm) за чување на тетратки, книги и блокови.

Столицата треба да биде пред сè удобна , а како избор најдобри се оние кои имаат опција за подесување на висината на седење, висина на наслонот, како и аголот на наслонот.

Полиците се потребни за чување на книгите, тетратките, лектирите и други предмети. Тие ќе послужат и како средство за класифицирање за да детето има добра прегледност. Полиците треба да имаат употреблива длабочина 30 cm.

Осветлувањето е важен елемент во целокупното создавање на работната атмосфера. Најдобро е кога светлината е природна и кога паѓа од лева страна. Доколку просторот не дозволува, може масата да се стави пред самиот прозорец, односно да паѓа од напред.