Во Болоња од 26 - 30 септември 2016 се одржа најголемиот светски саем на керамика CERSAIE каде што производителите на керамика, опрема и мебел за бања имаа можност да ги презентираат своите производи. На простор од 156.000 квадратни метри учество земаа 852 изложувачи од 43 земји.