Кога се врши избор на боја за ѕидовите треба да се имаат предвид неколку работи, бидејќи неретко замислената боја не е идентична со бојата која ќе се добие после бојадисувањето. Имено, честопати не се земаат предвид сите надворешни фактори кои може да влијаат на нејзината појава во амбиентот.
При изборот на боја во продавница, селекцијата на бои се врши преку примероци, но честопати нешто сосема друго се добива при нанесувањето на ѕидот и сушењето.
За да се добие вистинска слика за крајниот ефект, најдобро е да се проба на поголема површина на боја. Мало парче од ѕидот може да даде погрешна слика за целосниот ефект кога ќе се бојадиса многу поголема површина.
Треба да се земе предвид и влијанието на природната светлина, освен светлината од сијалиците. Во продавниците најчесто доминира вештачкото осветлување од сијалици или други расветни тела. Најдобро е бојата да се види на утринско свело, но исто така и да се следи како се менува во текот на денот.
Пред да се избере шемата на бои во ентериерот потребно е да се знае каков ќе биде мебелот, деталите на ѕидовите итн. Многу полесно се прилагодува бојата на ѕидовите спрема мебелот отколку обратно.
Не треба да се претерува со јарки нијанси. Тие може да се употребат, но во не толку интензивна нијанса. Најдобро е само еден ѕид да се обои со арка боја, бидејќи во случај на јарки бои на повеќе ѕидови ефектот е уште повеќе интензивиран.
Доколку употребувате неутрално бои, како што е на пример беж бојата, посветлите нијанси даваат повеќе софистицираност. Притоа, почекајте бојата да се исуши и видете дали ќе ви се допадне, во спротивно додајте малку бела боја во кантата со беж бојата и премачкајте со уште еднаш.
Понекогаш правилата не важат во сите случаи. Малите простории не е добро да се бојадисаат во темна боја, но доколку само еден ѕид е бојадисан во темно, се добива визуелен ефект на продолжување, односно зголемување на просторијата.
За крај, секогаш одберете боја која ќе ви се допаѓа. Ако има пресветла нијанса, со бојадисување на ѕидот со уште една рака, тој ќе добие потемна нијанса.