Во фенг шуи трпезаријата ја претставува комуникацијата на станарите и семејните приходи. Идеална положба би била во центарот на домот и тоа во продолжение на дневната соба.
Не би требало да биде споена со кујната, но не и премногу оддалечена бидејќи тоа предизвикува кавги во семејството. Ако сепак е споена со кујната, треба да биде одвоена со параван или хармоника врата.
Трпезаријата не треба да се наоѓа ниту во близина на влезната врата бидејќи тогаш гостите брзо ќе ја изедат храната и ќе си отидат, а тоа симболично ги претставува финансиите. Не треба да има ниту многу прозори бидејќи тоа предизвикува чувство на несигурност.
Може да има повеќе парчиња мебел, но важно е чи енергијата да има проток без препреки. За да проверите дали енергијата може да се движи, поминете низ просторот. Ако го направите тоа без да наидете на пречки, ќе помине и чи енергијата.
Во трпезаријата најдобро е да има кружна маса бидејќи ја поттикнува комуникацијата меѓу станарите, но ако имате поинаква, ставете овална чинија на масата и наполнете ја со бонбони, овошје и житарки. Чинијата претставува рамнотежа на небото и земјата, а нејзината содржина претставува богатство.
Избегнувајте маси со стаклена или мермерна плоча бидејќи носат проблеми во работата и финансиите. Исклучок е мермерна маса на која са изгравирани змејови или други свети кинески животни. Таквите маси се симбол на исклучителна среќа и добри финансии кои се пренесуваат на генерациите, па често се сретнуваат во угледните стари семејства во Кина и Хонг Конг кои сакаат да го сочуваат своето богатство и углед.
Столиците треба да бидат малку заоблени, без остри рабови. Домаќините треба да седат на столиците од кои се гледа влезот во просторијата, но зад нив треба да има ѕид кој симболички е потпора. Сите столици треба да бидат исто оддалечени од ѕидот, за секој да може без проблем да стане од масата.
Боите во трпезаријата треба да бидат во земјени тонови ако се наоѓа во центарот на домот или во нијанса која одговара на елементот на секторот каде се наоѓа трпезаријата. Осветлувањето и атмосферата треба да бидат интимни, но сепак да постои чувство на пространост. Кинезите веруваат дека тесната трпезарија носи и мали семејни приходи.
На ѕидот над масата треба да се постави огледало на кое ќе се види одраз од масата и храната на неа бидејќи тоа симболично го удвојува и богатството на семејството. Мошне се поволни и слики на овошје, на пример праските претставуваат просперитет и долговечност, а портокалите и ананасот финансиски успех и посета од драги луѓе.