почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:


Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Типови на туш кабини по мерка



Квалитетната туш кабина, може да пружи вистинско задоволство во бањата. Таа е практична и најчесто се среќава во помалите бањи, поради фактот дека класичната када зазема далеку повеќе простор. Доколку се одлучите за туш кабина по мерка, која ќе ја нарачате во зависност од просторот на располагање, желбите и потребите, може да се одлучите за еден од неколкуте типови туш кабини изработени по мерка:


Туш врата



Иделна изведба кога просторот заграден со три ѕида треба да го затворите и да го користите за капење во бањата.


Четириаголни туш кабини (правоаголни или квадратни)



Тие се користат кога треба со стакло да се загради простор во аголот помеѓу два ѕида. За мали простори се препорачува туш кабина со врата и бочно стакло (80×80 cm или 90×90 cm), а за средно големи и големи туш кабини изведба со фиксен сегмент, врата и бочно стакло.


Лизгачки туш кабини



Погодни се за помали простори или за простори каде класичното отворање на вратата е оневозможено од некој предмет во бањата. Најчести изведби се кај туш кабина ограничена со три ѕида, кај правоаголна туш кабина за поголеми простори или кај туш кабина со две врати и влез во аголот.


Хармоника туш кабини



Практични ни се за мали бањи со ограничен простор. Се изведуваат во неколку варијанти: како туш врата поставена помеѓу три ѕида, како класична правоаголна туш кабина со бочно стакло и хармоника врата или како параван за када.


"Walk in" туш кабини







Станува збор за минималистички туш кабини без многу детали, кои се состојат од стаклени површини без туш врата, односно со слободен влез.


Пентагонална туш кабина



Се користи за аголно поставување помеѓу два ѕида. Нејзина предност е што значително заштедува простор во однос на правоаголните туш кабини бидејќи вратата е под агол од 135° во однос на фиксното стакло.


Специфични туш кабини

Тие се оние туш кабини кои одговаат на специфичните потреби кои ги налага одреден простор или пак желбата на корисникот – можностите се бесконечни. Може да бидат оградени со стакло од три страни, со едната страна да се потпираат на ѕидот или на кадата, туш кабини кои се поставуваат под косина итн.