Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Егзотични паркети


Дрвата за изработка на егзотичните паркети потекнуваат од различни делови на светот(Азија, Африка, Јужна Америка), а заеднична карактеристика им е големата тврдина и отпорност. Паркетите од овие дрва се карактеризираат со висок квалитет, но и повисока цена.

При набавката треба да се знае дека постојат повеќе подвидови егзотични паркети под исто име, но со различно потекло, па така немаат исти карактеристики.

Jatoba (јужноамериканска цреша) – ова дрво се наоѓа во Јужна Америка, околу реката Амазон и е исклучително квалитетно и отпорно дрво. Има природен сјај и привлечна длабока црвена боја со примеси на портокалова.
Afromosia – потекнува од Африка, и најдобро успева во Гана и Брегот на Слоновата Коска.
Има кафена боја и според изгледот потсетува на орев, па затоа е познато и под името африкански орев.
Wenge – ова дрво е од семејството мешунки и има потекло од африканските држави Конго, Камерун, Габон и Гвинеја. Дрвото има темнокафена боја, која тежи кон црна. Исклучително е тврдо, трајно и погодно за изработка на подни облоги.
Zebra – станува збор за ретко дрво кое расте во западните делови на Африка и има карактеристичен изглед поради „зебрастите“ пруги. Исклучително е цврсто и отпорно, и се користи за производство за паркети, но и за украсување на површини на парчиња мебел, внатрешноста на луксузните автомобили.
Бразилски орев – потекнува од Бразил и блиски делови на Јужна Америка. Поради својата цврстина, отпорност на временски услови и штетници познато е под името „железно дрво“.
Macassar - ова дрво има прекрасна структура со темнокафена, црна, златна и портокалова боја. Расте на подрачјето на Индонезија во Азија.