Според фенг шуи, постојат правила кои предмети се поволни да се ставаат под скалите, а кои не.
Најпрво, не треба да чувате работи кои никако не би сакале да ги згазите, како што се важни предмети или документи.
Под скалите не треба да се остава маса, ниту пак да се одвива некоја дејност. Не ставајте кујнски елементи или шанк под скалите.
Исто така, не треба да се става фонтана или аквариум под скалите, бидејќи истите, според фенг шуи, делуваат негативно на среќата на следната генерација во домаќинството.
Според фенг шуи, складирањето на предмети под скалите е во ред, како на пример, складирање на семејни предмети, реквизити и слично.